TRIO-ZINC / СЕРУМ ПРОТИВ АКНИ И ФЛЕКИ - 7 МЛ.

Ново
Ново

915 МКД


Баркод: 3661467002180

ЧИСТЕЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
ТРИ ВИДА НА ЦИНК • КИНЕСКА ШИСАНДРА • ЕКСТРАКТ ОД АЛГИ

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Eдинствената негативна работа за овој производ, е што сеуште не е во вашата чанта...


Trio-Zinc серумот е најгоре на самата листа, кога станува збор за производи кои би сакале секогаш да ви се при рака. Дискретен, практичен и ефикасен, делува кон отстранување на флеките од акни, како во нивната боја, така и во нивната текстура преку брза и јасна ресорпција.


  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА EXPRESS BLEMISH CARE

Ако требаше  да изберете само еден производ за нега на кожа, најверојатно овој би бил тој, бидејќи во некој момент од животот сите сме се бореле со акните. Novexpert отсекогаш се интересирале, зошто понудата на пазарот на производи за топично нанесување, кои се борат со флеки и акни, е релативно ограничена.

Технолошките предизвици се покомплексни одошто изгледаат:

  • формулата мора да биде ефикасна, но неиритантна.
  • текстурата мора да биде невидлива и безмасна.
  • пакувањето мора да биде санитарно-хигиенско и прецизно изработено.

Дополнително на овие услови, Novexpert секако ги исполнува и сопствените наметнати и уникатни стандарди: производи со состојки од 100% природно потекло, хипоалергенски, 0% презервативи итн. Комплицирано, но не и невозможно! Создадената „SOS“ формула, која е резултат на овие стандарди е заштитена со прецизна ролон туба и има течна текстура при нанесувањето, која се претвора во „невидлива лепенка“ ослободувајќи ги активните состојки во кожата.

Прочистува длабински и површински, суши флеки и се бори со хиперпигментација.


Бројка - 10

Од 16 критериуми за оценување, овој производ има постигнато кај дури 10 највисока стапка на задоволство од 100%.*


РЕЗУЛТАТИ:

БРЗО СУШЕЊЕ НА ФЛЕКИ*

100% - брзо сушење на флеки по 5 дена употреба, 3 нанесувања на ден.

СПРЕЧУВА НАФРЛАЊА*

100% - спречува нафрлање по 5 дена употреба, 3 нанесувања на ден.

НАМАЛУВА ЦРВЕНИЛА*

100% - црвенилата на кожата се намалени по 5 дена употреба, 3 нанесувања на ден.

*Тестот е спроведен од независна лабораторија. Тестирано на 15 волонтери. % на задоволство по 5 дена употреба. 3 нанесувања на ден.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: 

1. Како превенција: веднаш штом почнете да чувствувате болка на одреден дел од кожата или почне да се појавува црвенило (пред да се формираат акните). 

2. За корекција: кога акните се веќе видливи. Express Blemish Care мора секогаш да се нанесува директно на кожата (на местото кадешто има акни). Оставете го да делува барем 10 минути, пред да нанесете крема или шминка. 

Фреквенција на употреба: три пати на ден. Наутро по будењето, нанесете го 10 минути по чистењето на лицето. Напладне доколку е возможно. Навечер пред спиење, исто така нанесете го 10 минути по чистењето на лицето.


ШТО ДРУГО?

Можете да престанете да го употребувате Express Blemish Care, кога ќе почувствувате дека местото на акната е суво, црвенилото започнува да се повлекува, што значи дека процесот на регенерација е започнат.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, ALCOHOL**°, LACTIC ACID°, SODIUM CITRATE°, GLUCONOLACTONE°, LACTOBACILLUS FERMENT°, CITRIC ACID°, GLYCERIN°, ZINC GLUCONATE°, ZINC PCA°, ZINC LACTATE°, SCHIZANDRA SPHENANTHERA FRUIT EXTRACT°, MALTODEXTRIN°, PANCRATIUM MARITIMUM EXTRACT°

24% состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот ECOCERT
**состојки од органско потекло
Листата на состојки употебена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Поврзани производи

Најгоре