Ние сме Белина – најголемиот увозник и дистрибутер во Македонија на сертифицирана природна и органска козметика. 

Како компанија на пазарот постоиме од март 2016-та година и оттогаш па сè до ден денес безусловно ги следиме идејата и визијата, кои беа пресудни да ја создадеме Белина, а тоа е да го подигнеме нивото на Македонскиот пазар во сегментот на козметиката, на ниво на развиените Европски и светски држави. 

Неспорен е фактот, дека во Европа и во светот, трендот на насочување кон здравиот начин на живот, не е веќе нешто што се смета за модерно или луксузно, туку едноставно веќе одамна има преминато во „lifestyle“ или во начин на живот. Ова ги опфаќа сие сегменти на животот, од исхраната, слободните активности, вежбањето, медитацијата, па сè до козметиката која секојдневно ја користиме и конзумираме преку нашиот најголем орган – кожата. 

Белина преку својот богат избор на природна и органска козметика, се стреми да ви го овозможи токму тоа – делотворни производи, кои се истовремено и ефикасни и безбедни по вашето здравје. И најважно од сè, нашата козметика е сертифицирана, односно логоата на независните сертификатори, кои се наоѓаат на амбалажите на самите производи, гарантираат за квалитетот кој ви се нуди. 

Ексклузивни увозници и застапници сме за 36 светски познати брендови од сегментот на сертифицираната природна и органска козметика, а палетата од над 2200 производи која континуирано се зголемува, нè позиционира на пиедесталот, како место со најголем избор на целиот Македонски пазар.

Најгоре