Bio Shop продавницата е специјализирана за сертифицирана природна и органска козметика. Ова ќе биде прва продавница од ваков тип во Македонија, со строго определен концепт и највисоки стандарди за производите кои ќе бидат изложени за продажба.


- Производите на Bio Shop на Bellina можете да ги погледнете тука

„Идејата ни произлезе од потребата за природни и органски производи, со безбедни состојки, без штетни хемикалии. Секако дека такви производи веќе постојат на македонскиот пазар, но едноставно нема едно место – една продавница, кадешто сите производи, без исклучок ја следат оваа филозофија. Во најголем дел постојат оддели за природна козметика во склоп на една продавница, кадешто се продаваат и стандардните mass-market производи. Во последниве години се појавија и неколку „Bio Shops” во Скопје, но тоа најчесто се однесува на органска храна, додека органската козметика е застапена во многу помал дел.”

Најголемиот дел од производите се сертифицирани по најстрогиот стандард во Европа – Cosmos Standard. Логоата на најголемите Европски сертификатори како Ecocert, Cosmebio, BDIH, ICEA и Soil Association, стојат за гаранција за квалитет и највисоки стандарди на самите производи. Водечката идеја е да овозможи палета на производи на едно место, кадешто потрошувачите нема да имаат потреба да се грижат за безбедноста на состојките и ризикот што го носат некои од нив, бидејќи секој производ кој ќе се најде на полиците на нивната продавница, ќе ја следи филозофијата на природно и органско, без штетни хемикалии и по Cosmos Standard-от забранети состојки.

„Сѐ ќе биде транспарентно и буквално сите релевантни информации за производите и производителите ќе им бидат достапни на нашите потрошувачи. Така, ќе можат и самите да се осигураат во она што ние тврдиме, дека во име на потрошувачите вршиме најстрога селекција и филтрирање на производите, за да не мора тие да се грижат и да внимаваат на тоа што е во составот. Така, дури и оние потрошувачи кои не се разбираат толку од состојките на самите производи и како да ги проверуваат, ќе можат слободно да си пазарат кај нас, бидејќи сите производи се веќе проверени. Нашиот стремеж е да го подигнеме пазарењето и изборот на козметика на едно ново ниво, нешто што до сега сме го гледале само во странство, во светските метрополи.“

Она што сеуште не го знаат голем дел од потрошувачите е дека моментално со повеќе од 450 производи од 10 брендови во склоп на својот асортиман, Bellina е број 1 во Македонија, што се однесува на понудата на природна и органска козметика. На ниту едно друго место нема толку голем и разновиден избор. Лидери во производството во овој сегмент од Европа и САД, како Urtekram, Organique, Eurobio Lab и други, ја имаат избрано Bellina како нивен партнер од доверба и како официјален увозник и дистрибутер за Македонија. Ова портфолио постојано расте и се зголемува, со цел да се зголеми и изборот на потрошувачите.

На прашањето, која е главната цел на Bellina како концепт и како иден ланец на продавници за природна и органска козметика, сопствениците и основачи Стефан и Кирил се едногласни: „Сакаме да го достигнеме нивото, еден ден името Bellina да биде синоним за квалитет и доверба, не само кај нашите потрошувачи во Македонија, туку и кај нашите сегашни и идни партнери во странство.“.


Продавницата се наоѓа во населбата Капиштец во Скопје, на ул. Народен Фронт бр. 3/3, лок. 2, зад Цветен Пазар, а отворањето наскоро ќе биде објавено на нивната фејсбук и инстаграм страна @bellina.mk.

Најгоре