Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

ACTIVES / КОНЦЕНТРАТ ОД АЛОЕ ВЕРА 13:1 - 30 МЛ.

875 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (1)

Баркод: 4603739874490

СМИРУВАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
СОК ОД АЛОЕ ВЕРА • БЕНЗОЕВА КИСЕЛИНА

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Концентрат
  • Дејство / Ефект - Смирување (Soothing/Calming) , Регенерација (Repairing/Regenerating)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - True Alchemy
  • Тип на кожа - Сува кожа , Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Биокозметички ефект: Листовите од алое вера содржат околу двесте корисни природни компоненти, вклучувајќи полисахариди, витамини, ензими, аминокиселини и минерали, како калциум (Ca), хром (Cr), магнезиум (Mg), цинк (Zn), содиум (Na), селен (Se), манган (Mn), железо (Fe), калиум (K) и бакар (Cu). Сите тие заедно ги стимулираат метаболичките патишта. Сокот од алое вера содржи корисни ензими како амилаза и липаза кои помагаат да се намали воспаленоста.

Оваа активна компонента стимулира метаболички процеси и обнова на епидермални клетки, навлажнува и трансформира, освежува, регенерира, ја смирува кожата и ја зголемува нејзината еластичност. Присуството на супстанците од групата на витамин Ц и Е, му дава антиоксидантен ефект на сокот од алое вера. Како антиоксидант аскорбинската киселина се бори со слободните радикали, обновувајќи ја пигментацијата на кожата по изложување на сончева светлина. Покрај витаминската активност, токоферолите се исто така силен природен антиоксидант, кој спречува липидна пероксидација, со деактивација на слободните радикали на масните киселини, заштитувајќи ги липидните структури на клетките од оштетување.


Индикации (наменето за): Сува кожа, склона на иритации; проблематична кожа, како резултат на недостаток од витамини.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

Пропратни ефекти: Во случај на индивидуална интолеранција, можна е алергиска реакција.


% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Се користи како биолошки активен агенс. Поради зголемената концетрација, употребата на овој производ може да ги збогати активните компоненти на други производи за нега на кожа, нокти и коса. Нанесете на лицето и нежно масирајте.


Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, BENZOIC ACID.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Aneta N.
22/07/2022
Prekrasen proizvod

Поврзани производи

Најгоре