Почитувани потрошувачи, ве известуваме дека од 10.05.2024 бесплатна достава следува за нарачки со износ поголем од 1500мкд. Ви благодариме за довербата! 💚

BJORG / ОРГАНСКИ КРЕМ ОД КОКОС ЗА ГОТВЕЊЕ - 200 МЛ.

110 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3229820787985


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Органскиот крем за готвење од кокос е одлична алтернатива на класичниот крем за готвење. Одличен придружник за вашите солени и слатки рецепти (сосови, десерти, колачи итн.).


- Ниско ниво на масти***

- 100% зеленчук**

- Вегански производ

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло

***30% помалку масти од постоечките креми од кокос на пазарот


Рецепт за подготовка на ориентални ќофтиња од зеленчук:

Време за подготовка: 15-30 мин.

Состојки:

1/2 пакување со ќофтиња од зеленчук

сецкан свеж коријандер

За подготовка на сосот:

1/4 органска коцка од зеленчук на Bjorg (булјон)

1/4 пакување од органски крем од кокос за готвење на Bjorg

1/4 лажица сецкан свеж ѓумбир

1/4 сецкано чешне лук

1/2 млад свеж кромид, ситно исецкан (со бели и зелени делови)

1/4 лажичка кари во прав (или повеќе според вашиот вкус)

15 ml вода


Начин на подготовка: Во тава на средна топлина растворете го булјонот во 50 ml вода. Додадете ги ѓумбирот, лукот, кромидот и карито. Гответе, мешајќи, околу 5 минути. Додадете малку вода ако смесата се исуши. Кога кромидот е проѕирен, додадете го органскиот крем за готвење и малку вода. Измешајте, оставете да зоврие, намалете ја топлината и динстајте десетина минути, додавајќи малку вода доколку смесата се исуши. Вкусете и прилагодете ги зачините доколку е потребно. Додадете ги ќофтињата од зеленчук и гответе ги 5 минути во сосот. Послужете ги попрскани со свеж коријандер, придружени со ориз.


Состав: Кокос* 55 %, вода, пченкарен малтодекстрин*, згуснувачи: гуар гума.

*органски состојки


Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 720 kJ/174 kcal

Маснотии: 16 g

од кои заситени: 15 g

Јаглехидрати: 5,8 g

од кои шеќери: 1,6 g

Растителни влакна: 1,1 g

Протеини: 1,2 g

Сол: 0,08 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре