BJORG / ОРГАНСКO ТОФУ - 2 x 200 ГР.

285 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3229820762692


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Ова органско тофу е идеално за секојдневни семејни оброци. Традиционално се користи во азиската кујна и се прави од зрна на соја. Претставува богат извор на протеини, Омега-3 масни киселини и магнезиум и е идеално решение за вкусен вегетаријански оброк. Лесно се подготвува и ви овозможува широка разновидност во вашата вегетаријанска исхрана.


Рецепт за подготовка на вегетаријански киш со зеленчук (без лактоза)

Потребни состојки:

250 g тофу

100 ml растителен пијалок од спелта

1/2 супена лажица пивски квасец

1/2 прстофат сол, бибер и морско оревче

прстофат куркума во прав, за боја

1 сецкан свеж млад кромид (белиот и зелениот дел од младиот кромид)

сецкани свежи билки (мешавина од магдонос, тарагон, млад лук)

25 g "baby"спанаќ

1/4 кафена лажица мајчина душица или суво оригано

5 шери домати

Време за подготовка: 30-45 минути


Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180°C и подмачкајте 6 мали калапи за киш (тарт). Исечете 6 кругови во веќе подготвено тесто и ставете ги круговите тесто во калапите. Дното избоцкајте го со вилушка. Во блендер измешајте тофу, растителен пијалок, пивски квасец, сол, црн бибер, морско оревче и куркума додека смесата не се изедначи. Ако смесата е премногу густа, додадете малку растителен пијалок од спелта. Ставете ја смесата со тофу на страна. Во тавче пропржете го кромидот на средна топлина во малку вода или бујон од зеленчук околу 5 минути. Потоа додадете ги свежите и сувите билки, па "baby"спанаќот. Продолжете со готвење уште 1 до 2 минути. Тргнете од оган. Додадете ја смесата со тофу во билките и измешајте. Вкусете и прилагодете ги зачините доколку е потребно. Наполнете ги калапите, украсете со половинки шери домати и посипете со пивски квасец. Печете 15 минути на средна температура. Завршете го печењето со ставање на калапите неколку минути под решетка во рерна.


Состав: Вода, соја* без ГМО 32%, средство за желатинирање: магнезиум хлорид (нигари), калциум сулфат.

*органски состојки

Може да содржи траги од целер, глутен, сенф, јаткасти плодови, кикирики, сусам и сулфити.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 705 kJ/169 kcal

Масти: 9,8 g

од кои заситени: 1,7 g

Јаглехидрати: 0,7 g

од кои шеќери: 0,5 g

Растителни влакна: 3,1 g

Протеини: 18 g

Сол: 0,03 g

Магнезиум: 0,191 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре