BJORG / ОРГАНСКИ ЗЕЛЕНЧУКОВ БУЈОН - 72 ГР.

115 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3229820121789


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Откријте го овој вкусен органски зеленчуков бујон. Суптилната мешавина од зеленчук и зачини совршено ќе ја комбинирате со сите ваши тестенини, супи, ориз или деликатесен сос за месо!


- Не содржи глутаматски адитиви*

- Не содржи палмино масло**

*во согласност со важечките прописи за органско производство

*во интерес на квалитетот на животната средина


Рецепт за подготовка на пролетна салата:

Потребни состојки:

25 g фин булгур

1/4 органски зеленчуков бујон на Bjorg

75 g снежен грашок

50 g тофу на Bjorg

1/2 супена лажица соја сос

1/4 кафена лажица рендан ѓумбир

3 сушени домати

5 бадеми

1/4 француски магдонос

2 супени лажици екстра девствено маслиново масло на Bjorg

1 супена лажица јаболков оцет

1/2 кафена лажица сенф од цело зрно

1/4 кафена лажица сол со тревки

Време за подготовка: 15-30 минути.


Начин на подготовка: Ставете го булгурот во сад и додадете двојно повеќе зовриена вода во која сте го раствориле зеленчуковиот бујон. Покријте и оставете да отстои 15 минути. Излупете го снежниот грашок и варете го 10 минути во тава со зовриена солена вода. Исцедете. Исечете ги сувите домати и бадемите. Исецкајте го францускиот магдонос. Исечете го тофуто на мали коцки и маринирајте го со соја сос и ѓумбир. Сенфот измешајте го со оцетот и солта, па додадете го маслиновото масло. Во друг сад измешајте го булгурот со снежниот грашок, сувите домати, францускиот магдонос, тофуто и бадемите додека го додавате сосот. Украсете со неколку листови зелена салата и уживајте.


Состав: Морска сол, скроб од компир*, шеа растителна маст*, морков* 6%, екстракт од квасец, кромид* 2,3%, оревче (зачин)*, лук* 0,8%, праз* 0,5%, магдонос* 0,5%, целер* 0,4%, сончогледово масло*, куркума*.

*органски состојки


Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 12 kJ/3 kcal

Масти: < 0,5 g

од кои заситени: 0,2 g

Јаглехидрати: 0,7 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: 0,88 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре