BAUCKHOF / ОРГАНСКА СМЕСА ЗА ПАЛАЧИНКИ ОД СПЕЛТА - 160 ГР.

170 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 4015637822341

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт , Ужинка , Главен оброк , Појадок

Во оваа органска смеса за правење на палачинки од брашно од спелта на Bauckhof потребно е да додадете само млеко и јајца и речиси сте готови. За само неколку минути подготовка и палачинките се готови за јадење. Додадете малку шеќер во прав или цимет со шеќер и послужете во традиционален виенски стил со компот, намаз од јагоди или овошен сос од јаболка. Патем, одличен избор ви е со минерална вода или пијалок од соја како веганска верзија. Можете да додадете мелени бадеми, јаболка или ситно сецкани лешници. Смесата е со брашно од спелта со најдобар Demeter квалитет.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- Направена од ситно мелено брашно од спелта

- Доволна за 2 главни јадења или 3-4 десерти

- Стандард за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ


Виенско пециво со суво грозје

Начин на подготовка:

Додадете 150 ml млеко и 2 јајца (или 150 ml млеко од соја). Во сад се ставаат јајцата и се матат кратко. Додадете ја смесата за палачинки од спелта и половина млеко и добро измешајте. Потоа додадете го преостанатото млеко и мешајте се додека не добиете мазно тесто. Растопете малку путер или масло за јадење во нелеплива тава на средна температура и истурете го тестото. При истурање, добро распоредете го сувото грозје во тавата. По 3-5 минути, кога ќе се стегне работ, тестото кое што сеуште е течно на површината поделете го на четвртини и превртете го. Продолжете со печење 2-3 минути. Потоа исечете ги на мали парчиња и печете околу 1 минута, се додека не поруменат.


За веганска подготовка:

Измешајте ја смесата со 150 ml млеко од соја (или 250 ml млеко од соја и 2 лажици соино брашно) за да добиете мазно тесто. Потоа продолжете како погоре наведеното.


Совет за сервирање: Посипете со шеќер во прав или шеќер и цимет. Послужете со компот, намаз од јагоди, бобинки или пире од јаболко-волчји трн, пире од јаболко-банана или пире од јаболко-манго како прилог.


Варијации:

Неделна верзија: Додадете 150 g мелени или излупени бадеми во тестото.

Со јаболка: Додадете 1 мало сецкано јаболко во тестото.

Со јаткасти плодови: Додадете 50 g сецкани лешници во тестото. 

Екстра ванила: Додадете 1 пакетче ванилин шеќер или 1 прстофат ванила во тестото.

Екстра овошни: Додадете 50 g сецкани урми или сушено овошје. 

Екстра лесни и воздушести: Одделете ги 2-те јајца, додадете ги жолчките во тестото, измешајте и преклопете.


Состав: Брашно од спелта тип 630** 53%, суво грозје** 18%, сиров шеќер од трска**, пченкарен скроб*, прашок за пециво (средство за печење: натриум бикарбонат, закиселувач: монокалиум тартарат, пченкарен скроб*), морска сол, ванила*, сончогледово масло*.

*од сертифицирано органско земјоделство

**од биодинамично земјоделство

Може да содржи траги од други житарици кои содржат глутен, сусам, лупини и сусам.


Алергени: Брашно од спелта.


Складирање: Чувајте на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1456 kJ/343 kcal

Масти: 0,9 g

од кои заситени: 0,2 g

Јаглехидрати: 74 g

од кои шеќери: 29 g

Растителни влакна: 3 g

Протеини: 7,1 g

Сол: 0,78 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре