BIOVEGAN / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА „BLONDIES“ КОЛАЧИЊА - 400 ГР.

310 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4005394288115

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan , Gluten Free
  • Брендови - Biovegan
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Органската безглутенска смеса за "Blondies" браунис колачиња од BIOVEGAN е комбинација од орев и јаворов шеќер која дава нежен јаткасто-сладок вкус, од прв до последен залак. Нежно и слатко искушение за сите љубителите на браунис. Од пакувањето се добивааат приближно 12 порции од по 50 g (пресметано со млеко од соја и маргарин).


Начин на подготовка:

За "Blondies" колачињата од орев и јаворов шеќер ќе ви бидат потребни: 130 g мек маргарин, 150 ml растително млеко (се препорачува млеко од соја), тава (20 x 20 cm), рачен миксер со жица за матење.

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот за печење добро намачкајте го или обложете го со хартија за печење.

2. Во сад за матење ставете ја смесата за печење со маргаринот и млекото од соја. Сè заедно измешајте кратко на најмала брзина, а потоа на најголема брзина со рачен миксер со жица за матење. Истурете ја смесата во калап за леб и малку измазнете ја. По желба, можете да го посипете со други состојки (на пр. чоколадо).

3. Печете ги колачињата на средната полица од рерната околу 25 минути.

4. Оставете ги колачињата да се изладат во плехот. Кога ќе се изладат, можете внимателно да ги исечете на парчиња и да ги извадите од плехот.

Напомена: Можете да направите "Blondies" колачињата и со други растителни млека/пијалоци. Имајте во предвид дека конзистентноста може да варира кога користите други растителни млека/пијалоци. Производителот препорачува користење на млеко од соја. Садовите за печење со дебели ѕидови (стакло, керамика итн.) може да влијаат на времето на печење.


Состав: Сиров шеќер од трска*, пченкарен скроб*, тапиока скроб*, интегрално оризово брашно*, урми*, ореви* 7,1%, оризово брашно*, кокосово брашно*, јаворов шеќер* 3,3%, пченкарно брашно*, протеин од ленено семе*, интегрално брашно од просо*, лушпи од псилиум*, сол, средство за нараснување: натриум хидроген карбонат; закиселувач: калиум тартарат.

*од сертифицирано органско земјоделство


Алергени: Ореви.


Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место и да се заштити од топлина.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1736 kJ/415 kcal

Масти: 22 g

од кои заситени: 0,7 g

Јаглехидрати: 50 g

од кои шеќери: 25 g

Растителни влакна: 2,9 g

Протеини: 3,5 g

Сол: 0,26 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре