Цена со 10% ДДВ.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Органските овесни снегулки од Bjorg се богати со растителни влакна и магнезиум. По ваша желба можете да ги консумирате како топла или ладна овесна каша.
- Не содржат додаден шеќер
- Направени од интегрален овес
Рецепт за подготовка на вегетаријански палачинки од овесна каша/растителен пијалак (без лактоза):
Потребни состојки:
1 супена лажица пире од бадем
1 зрела банана
1 супена лажица сируп од агаве (или мед)
225 ml растителен пијалок од соја без шеќер на Bjorg
150 g интегрално брашно (пченица, ориз, овес или хељда)
50 g овесни снегулки на Bjorg
2 супени лажици прашок за пециво
Време за подготовка: 30-45 минути.
Начин на подготовка: Испасирајте ја бананата со пирето од бадем и сирупот од агаве (или медот). Постепено разредете ја смесата со млеко. Додадете ги брашното, овесната каша и прашокот за пециво. Оставете ја смесата да отстои 30 минути на собна температура. Загрејте нелеплива тавче на тивок оган, малку подмачкајте ако е потребно. Кога тавчето е загреано, со мала лажичка земете од тестото и формирајте мали палачинки со дијаметар од околу 10 cm и ставете ги во тавчето. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња на површината на палачинките, внимателно превртете ги и продолжете со пржење се додека на дното од палачинките не добиете златно кафеава боја. Уживајте ги со јаворов сируп, свежо овошје или намаз.
Состав: Овесни снегулки од органско земјоделство.
Може да содржи траги од млеко, јаткасти плодови, сусам и соја.
Пакување: Пакувањето е направено од 50% шеќерна трска (обновлив материјал).
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1524 kJ/362 kcal
Масти: 7,1 g
од кои заситени: 1,3 g
Јаглехидрати: 58 g
од кои шеќери: 1,7 g
Растителни влакна: 11 g
Протеини: 11 g
Сол: 0,02 g
Магнезиум: 126 mg (34 % од NRV**)
**NRV = Нутритивни референтни вредности
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар