Цена со 10% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Откријте ги вкусните органски мусли со мешавина од овошје од Bjorg кои му даваат на вашето тело растителни влакна потребни за одличен почеток на денот. Вкусната мешавина од мусли и овошје е без додадени шеќери** и содржи грозје, црни рибизли, боровинки и брусница, давајќи овошен допир на вашиот утрински појадок.
- Не содржат додадени шеќери**
- Рецептот содржи 20% овошје
- Интегрални зрна од: овес, спелта и пченица
**содржи природно присутни шеќери
Рецепт за подготовка на енергетски мусли барови:
Потребни состојки:
60 g меки урми (тип Меџул)
50 g мусли Bjorg
10 g сушена брусница и гоџи бобинки
25 g мешавина од семки (сончоглед, тиква, сусам)
1 супена лажицa сируп од агаве или мед
1 супена лажицa намаз од бадем
Прстофат сол, неколку капки екстракт од ванила (по избор)
Време за подготовка: 15-30 минути
Начин на подготовка: Ако урмите не се доволно меки, потопете ги во вода на 30 минути. Изблендирајте ги урмите во процесор за храна додека не добиете паста. Префрлете ја пастата во сад и измешајте ја со останатите состојки. Покријте ја тавата долга околу 20 см со хартија за печење или фолија. Истурете ја смесата и со рацете силно притиснете за да се збие и да достигне дебелина од околу 1 cm. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути. Кога смесата ќе се стврдне, подигнете ја со хартијата за печење и исечете ја на правоаголници или квадрати. Овие барови може да се чуваат неколку дена во фрижидер, поединечно завиткани во пластична фолија.
Состав: Интегрални овесни снегулки 60%, суво грозје* 18% (суво грозје*, сончогледово масло*), интегрални снегулки од спелта* (пченица) 12%, снегулки од интегрална препечена пченица* 5%, цели бадеми* 3%, замрзнати брусници* 0,7%, замрзнати црни рибизли* 0,7%, замрзнати боровинки* 0,7%.
*органски состојки
Може да содржи траги од млеко, јаткасти плодови, сусам и соја.
Пакување: Во ограничена големина за да се минимизира влијанието врз животната средина. Пакувањето е направено со 40% шеќерна трска (обновлив елемент).
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1506 kJ/357 kcal
Масти: 6 g
од кои заситени: 1 g
Јаглехидрати: 60 g
од кои шеќери: 14 g
Растителни влакна: 9,6 g
Протеини: 11 g
Сол: 0,03 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар