Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Органски какао зрна – ужинка и супер-храна во едно
Какао зрната се тип на супер-храна. За разлика од чоколадото, тие не содржат шеќер или други состојки. Ниту пак имаат потреба од тие додатоци, бидејќи какао зрната се богати со вкус и арома. Можете да ги употребите како ужинка, или да ги додадете во мусли.
- Извор на магнезиум
- Влакна
- Природно безглутенски
Какао зрната не само што се полни со вкус, туку можат и оптимално да го заокружат вкусот на друг производ, како на пример чипсот од банана. Како и да е, имајте на ум дека какао зрната содржат многу масти, околу добри 50%. Значи, не би требало да ги консумирате во многу голема количина. Но, сега да се вратиме на другите важни состојки. Речиси и да не постои друга храна која содржи магнезиум колку искршените какао зрна! Магнезиумот ве снабдува вас, вашите мускули и мозок со енергија. Има балансирачки ефект на крвниот притисок и метаболизмот. Исто така се смета за еден од важните “градежни материјали” за коските.
Какао зрната исто така имаат влакна кои се есенцијални за добра дигестивна функција. Теоброминот, уште една здрава состојка е горчливо, испарливо и алкалоидно соединенија кое се смета дека го подобрува расположението. Ваков вкус има доброто расположение!
Начин на употреба:
Секој кој сака да ужива во чист и ароматичен вкус, ќе ги обожава какао зрната на CLASEN BIO.
Нежно потпечените какао зрна се одлична состојка за десерти, овошни кремови, сладолед и пудинзи. Но, деликатните зрна им даваат одлична чоколадна нота и на бисквити, браунис и торти – без разлика дали ќе се стават директно во тестото или како декор. CLASEN BIO какао зрната одлично ќе се вклопат и во домашно пралине, бомбици и мусли барови. Благодарние на нивната деликатна конзистенција, зрната одлично се мешаат со другите состојки и во смути, или алтернативно може да се сомелат, па потоа да се помешаат или наросат.
Доколку не можете да се заситите од превкусните зрна, можете да ги користите за збогатување на вашиот доручек наутро, не само на вкус туку и во поглед на нутритивна вредност. Тие одлично хармонизираат со јаткасти плодови и овошје и со тоа се вклопуваат во мусли, каши и смути.
Добар апетит!
Состав: Какао во зрна*
*од контролирано органско одгледување
Складирање: Да се чува на суво и не премногу топло место.
Нутритивна содржина 100 грама
Енергија (kJ) 2406kJ
Енергија (kcal) 584kcal
Масти 51,4гр
Од кои заситени 32,8гр
Јаглехидрати 5,7гр
Од кои шеќери* 1,0гр
Диететски влакна 22,2гр
Протеини 13,5гр
Сол <0,01гр
Магнезиум 281мг (75%**)
Железо 2,6гр (5%**)
*содржина на природен шеќер
**Референтна количина за просечна возраст (8400kЈ/2000kcal)
Пакување: 200гр
Ова пакување содржи 8 порции.
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар