Од оваа безглутенска смеса за пица, се добива брзо и лесно тесто за пица која е со ист вкус како и домашната пица. Безглутенското органско тесто за пица е направено од интегрално оризово брашно, а оризот не содржи глутен. Брашното се проверува во лабораторија за глутен на Bauckhof. На овој начин се избегнува контаминација со зрна што содржат глутен. Ова тесто за пица е со подобрен рецепт, каде за разлика од тестото за пица направено од пченица, ова тесто има помала влажност и е помалку лепливо. На овој начин основата за пица останува сочна одвнатре и убава и крцкава однадвор - како што и треба да биде вистинското тесто за пица. Донесете мало парче од Италија директно на својата чинија дома и уживајте!
- Погодна за вегани
- Погодна за вегетаријанци
- Не содржи глутен
- Не содржи лактоза
- Незасладена смеса
- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ
Подготовка:
Време на подготовка: приближно 5 минути.
Време на печење: приближно 20 минути.
Начин на подготовка: Брза смеса за тесто за пица, за печење во 1 плех или 2 кружни тави со пружини. Загрејте ја рерната на 225 °C. Содржината од пакувањето истурете ја во сад за мешање. Додадете 250 ml млака вода и 2 лажици масло (на пр. маслиново масло). Убаво измешајте со рачен миксер за да добиете мазно тесто. Напомена: Тестото ќе биде малку помеко од вообичаеното, но тоа е и посакувано за да се постигне подобар резултат при печењето. Така пицата ќе остане сочна и воздушеста внатре а крцкава однадвор. Ставете хартија за печење на плех (приближно 35 x 30 cm) или две кружни тави со пружини (28 cm) и намачкајте со масло. Лесно намачкајте го тестото со пченкарен скроб и рамномерно развлечете го тестото. Врз тестото додадете доматно пире, зачинете и додајте ги саканите преливи. Наместо доматно пире, можете да користите и доматен кечап или сос од домати. Се пече во рерната околу 15-20 минути (електрична печка: 225 °C загреана, печка на топол циркулирачки воздух (конвекција): околу 190 °C).
Предлози за вкусни рецепти:
1. Пица Маргарита: Подгответе го тестото на начин опишан погоре. Премачкајте со сос од домати. Одозгора ставете 500 g исечени домати и 350 g парчиња моцарела. Зачинете со морска сол и црн пипер. По печењето, одозгора ставете свежи листови босилек и прелијте со маслиново масло.
Предлози за зачини: Морска сол, бел или црн пипер, лук, оригано, свежи листови босилек, магдонос
2. Кромид торта: 1 kg кромид исечен на коцки, ½ лажичка мелен ким, 100 g кремaсто сирење, 1 прстофат рендано морско оревче, 100 ml хопла, 2 јајца. Пропржете го кромидот додека не стане проѕирен. Оставете да се излади. Изматете ги преостанатите состојки и додадете ги во пропржениот кромид. Подгответе го и развлечете го тестото на начин опишан погоре, додадете ја смесата од сите состојки врз тестото. Печете на 225 °C околу 20 минути.
Состав: Брашно од кафеав ориз*, пченкарен скроб*, брашно од ориз*, прашок за пециво (средство за печење: натриум бикарбонат, средство за закиселување: монокалиум тартарат, пченкарен скроб*), мелени лушпи од псилиум*, сируп од ориз во прав*, киноа во прав за кисело тесто* (брашно од киноа*, брашно од ориз*, стартер култури), морска сол.
*од сертифицирано органско земјоделство
Може да содржи траги од соја, јаткасти плодови и сусам.
Складирање: Да се чува на ладно и суво место.
Хранливи ведности на 100 g:
Енергија: 1436 kJ/339 kcal
Масти: 1,1 g
од кои заситени: 0,3 g
Јаглехидрати: 76 g
од кои шеќери: 0,7 g
Растителни влакна: 3,5 g
Протеини: 4,2 g
Сол: 2,1 g
Оставете коментар