CALENDULA / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО SPF50 - 100 МЛ.

750 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  3.8 (19)

Баркод: 4603726088497

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
ЦИНК • ХИДРОЛАТ ОД НЕВЕН • МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL

Нашиот највисок заштитен фактор против штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Овозможува инстантна, максимална нежна заштита. Фотостабилен безбеден минерален УВ-филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, ги блокира и ги дифузира сите видови на зраци: УВБ, УВА1и УВА2. Кремата е збогатена со голем број на антисептици, антиинфламаторни и матифицирачки состојки.

Екстрактите од орев и шипинка ја задржуваат влaжноста во кожата, тонот, ја одржуваат еластичноста и нежно лекуваат.
Благодарение на есенцијалните масла и витаминот Е, кремата е богата со антиоксиданти, ги активира регенеративните процеси на кожата, ја омекнува и ја зголемува нејзината еластичност. Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.


Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.

Шипинка – има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемички својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеби. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушенаи порите и жлездите не се запушени.

Чајно дрво  – лисјата од чајно дрво се високо антисептични, антибактериски и анти-габични. Промовирајќи регенерација на кожата.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете мала количина на лицето и изложените делови на телото и распространете еднакво до комплетно апсорбирање. По подолга изложеност на вода, се препорачува повторно нанесување на производот за да се одржи заштитата од сонце. Избегнувајте контакт со очи. Производот не содржи активни хемикалии и мириси. Водоотпорна формула. Погоден за сите типови на кожа, особено за светла и тенка кожа. За возрасни и деца од 0 години.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ZINC OXIDE, POLYGLYCERYL-3 POLYRICINOLEATE (AND) POLYGLYCERYL-3 RICINOLEATE, ISOAMYL LAURATE (AND) ISOAMYL COCOATE, LEEN SEED OIL, CALENDULA OFFICINALIS FLORAL WATER, ROSA CANINA FRUIT OIL, GLYCERIN, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, SESAMUM INDICUM SEED OIL, PENTYLENE GLYCOL, SODIUM CHLORIDE, BENZYL ALCOHOL, TOCOPHEROL, MELALEUCA ALTERNIFOLIA OIL, POTASSIUM SORBATE, BENZOIC ACID, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER OIL, MACLEYA MICROCARPA (MAXIM.) FEDDE. EXTRACT, JUGLANS REGIA LEAF EXTRACT, ROSA CINNAMOMEA L. EXTRACT.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Искористете го кодот за 5% попуст при процесирање на вашата следна нарачка: Review5%

Kris
09/06/2022
Ja koristev za kombinirana koza megjutoa mi pravi uste poveke mozolcinja, plus go pravi liceto belo.

Angela
29/05/2022
Okej krema, no prilicno e teska za apliciranje i ostanuva belo liceto nekoe vreme.

Vjollcaa
21/05/2022
Gi procitav site komentari i rekov da i davam sansa na kremava, ama definitivno gi frliv parite za zabe. Kozata mi e skolna kon akni i povece gi iritira, iako stavam mnogu mala kolicina, kremava ne se vpiva vo liceto,, mnogu e gusta, potrebno e nekolku casa da se vpiva i liceto mi e belo . Probav so sekavi serum i hidranta krema za da se vpiva lesno , no so nikakov rezultat. Definitivno najlosata spf krema sto sum ja koristela

Кате
21/05/2022
Тешка е,тешко се размачкува и остава бел траг ама наспрема се тоа одлично штити. Скоро по цел ден дум на сонце и благодарение на неа не изгорев ниту еднаш. За на лице еднаш ставив и ме нафрли,за тело е одлична.

Martinaaa
18/05/2022
Одличен производ. Ја смирува кожата и го намалува црвенилото.

САШКА МАРТИНОВСКА
13/05/2022
Kвалитетна крема која ја смирува кожата на лицето.Кога над неа ке ставам шминка,лицето значително помалку ми се масти

Aleksandra Neloska
09/05/2022
Predobra krema , koja dava golema zaštita od sonce

Emilija
08/05/2022
Super

Исидора
27/04/2022
Прекрасна е, откако ќе почнете да ја аплицирате правилно.

Neela
27/04/2022
Vredi da se dade sansa!

Marijana
18/02/2022
Citav mnogu reviews i site se svedoa na toa deka ovaa krema treba pravilno da se koristi za da go imate WOW efektot sto go ocekuvate. Dajte i sansa i podocna moze da mi se zablagodarite :D

Елена
12/02/2022
Незгодна е што е густа и остава бел траг, точно. Но, ако се нанесе трпеливо на полусува кожа со бавна масажа така се впива целосно и станува најдоброто нешто што му се случило на лицето, го смирува и ја прави кожата мека

Ivona
09/02/2022
Do sega site produkti mi se pogodija osven ovoj. Ni hidratantna krema, a ni maslo za lice pred ovaa SPF krema ne mi pomaga da se vpie na liceto. Sostavot e gust i tezhok, mi gi vospali aknite i mi ostava beli traki na liceto. Ne bi go preporachala za lugje so senzitivna kozha sklona kon akni.

Викторија Спенџарска
06/02/2022
Кремава е одлична, само треба се нанесе многу мала количина (зрно грашок) на рацете па да се вмасира на кожата на лицето.

Maria Mar
23/01/2022
Многу добра крема која изедначува тен

Нина
15/01/2022
Одлична!

Marija
08/01/2022
Кремава е одлична само треба да го најдеш трикот за апликација или на полусува кожа.

Azhda Agush
02/10/2021
Добар состав, не ми ги иритира очите, меѓутоа прегуста е кремата, тешко се нанесува и остава бела боја која не се впива.

Bellina Bellina
Драга Ажда, ви благодариме за искрената забелешка! Драго ни е што сте наш верен клиент и што ви се допаѓаат нашите производи. Би сакале да ви дадеме насока за користење на овој производ. Бидејќи се работи за производ кој е на база на цинк оксид , препорака и од самите производители е да се нанесе по нанесување на хидратантна крема. На тој начин се олеснува нанесувањето, кремата подобро се впива во кожата и има помал ефект на белеење. Тимот на Bellina ❤️
Mila Nakevska
30/09/2021
Сите производи што ги имам пробано од белина е топ, единствено овој не ми се допаѓа воопшто. Не се нанесува лесно, премногу е густ, остава бела трага која не се впива ни по еден час, не е за некој со болни акни дефинитивно. Составот му е одличен но за жал се разочарав

Bellina Bellina
Драга Мила, ви благодариме за искрената забелешка! Драго ни е што сте наш верен клиент и што ви се допаѓаат нашите производи. Би сакале да ви дадеме насока за користење на овој производ. Бидејќи се работи за производ кој е на база на цинк оксид , препорака и од самите производители е да се нанесе по нанесување на хидратантна крема. На тој начин се олеснува нанесувањето , кремата подобро се впива во кожата и има помал ефект на белеење. Тимот на Bellina ❤️

Поврзани производи

Најгоре