NEO CARE / MILKSHAKE ЕКСФОЛИРАЧКИ ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ - 30 МЛ.

135 МКД

Цена со 18% ДДВ.

ЧИСТЕЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
АЛОЕ ВЕРА • МЛЕЧНА КИСЕЛИНА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Густ, сладок милкшејк со многу шлаг и омилениот сируп е потсетник на летото. Сега, милкшејкот може да се најде и во вашата основна рутина за нега!

Формулата на мекиот ексфолирачки гел, нежно го изедначува микрорелјефот, отстранувајќи ги мртвите клетки и нечистотии, без да ја оштети заштитната бариера на кожата.

-    Млечната киселина не само што ексфолира, туку и стимулира создавање на колаген – само едно нанесување го убрзува природното обновување на клетките на кожата.
-    Грижливи агенси направени од хиалурон, екстракти од краставица и брусница, гарантираат интензивна хидратација. Кожата станува забележително мазна и свиленкаста.

Овој гел можете да го користите наутро, за нанесениот слој на пудра да биде помазен. Или, навечер – како серум, кој ќе овозможи полесна пенетрација на неговите состојки во епидермисот. Во исто време, можете да отстраните козметика со висок квалитет. И најважно од се, нема калории и е идеална композиција #безшеќер #безлактоза #веган.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Масирајте мала количина од гелот на кожата. Избегнувајте го делот околу очите. Исплакнете со голем млаз млака вода. Можна е индивидуална интолеранција на состојките.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE * (ALOE VERA GEL), LACTIC ACID, GLYCERIN (GLYCERIN), BETAINE (BETAINE), PENTYLENE GLYCOL (VEGETABLE PENTYLENE GLYCOL), XANTHAN GUM (XANTHAN GUM), AROMA (NATURAL PERFUME), BENZYL ALCOHOL, TOCOPHEROL (VITAMIN E), SODIUM HYALURONATE (HYALURONIC ACID), CUCUMIS SATIVUS L. EXTRACT (CUCUMBER EXTRACT), VACCINIUM VITIS-IDAEA FRUIT EXTRACT (LINGONBERRY EXTRACT).

Поврзани производи

Најгоре