Во текот на зимските денови на бебешката кожа и е потребна специфична нега
05 Dec

Ладното време може да предизвика сува кожа особено кај децата. Кога влажноста на воздухот е ниска (внатре и надвор), кожата има потешкотии да ги одржува основните нивоа на хидратација. Ова станува уште поголем предизвик за бебешката кожа, која е помалку зрела од возрасната кожа. Бариерниот слој, одговорен за запечатување во влага, сè уште не е целосно формиран. Како резултат на тоа, кожата на вашето бебе може да стане сува, лушпеста и иритирана, особено во зимските месеци. За среќа, постојат совети и креми кои ќе ви помогнат да ја одржите кожата на вашето бебе хидрирана за време на посувите сезони.

ЗИМСКИ СОВЕТИ ЗА НЕГА НА ДЕТСКАТА КОЖА:

-Поретко капете го вашето бебе и правете пократки киснења. Премногу изложување на вода може да ја одземе влажноста на бебешката кожа.

- Користете навлажнувачки производи  за да помогнат во обновувањето и одржувањето на бариерата на кожата на бебето, што ќе и помогне на кожата да ја задржи влажноста.

- Сувата кожа може лесно да се иритира, избегнувајте јаки сапуни, детергенти и производи со мириси и хемикалии

Како зимското време може да влијае на кожата на бебето?   

Бебешката кожа е структурно различна од кожата на возрасната. Потребни се од две до четири години за целосно да се развие бариерата на кожата на новороденчето. Кожната бариера е 30% потенка кај бебето отколку кај возрасен. Тоа значи дека кожата на доенчињата е повеќе склона кон трансепидермална загуба на вода, процес со кој водата излегува од кожата, што може да доведе до значително сува, ронлива кожа на површината. На тоа ако ги додадеме и зимско-временските фактори:

-ниските температури

-ветерот

- сувиот воздух и однатре и однадвор,  детската кожа се соочува со дополнителен предизвик за одржување на нивото на хидратација. Сувата кожа на вашето бебе може да стане груба, лушпеста и испукана. Нарушената кожна бариера е поврзана со егзема, која најчесто се разгорува во зима, предизвикувајќи појава на суви кожни дамки и осип на површината на кожата.

Користете го вистинскиот тип на хидратантен крем.  Додека бебето е сè уште влажно од бањата, намачкајте со хидратантна крема за да ја задржете хидратацијата. Во зима, размислете за високо хидратантен крем.

Скогаш избирајте крами кои во сојот состав не содржат хемикалии кои дополнитемно имаат моќ да ја иритираат бебешката кожа, може да предизвикаат крвави рани од пукање на кожата и егзема.

Кремите кои се ставаат на лицето на бебето секогаш треба да бидат природни, без агресивни хемикалии зошто тие креми често завршуваат и во устата на бебето.

Хемикалии кои треба да се избегнуваат кога купувате производи за нега на бебешка кожа:

• Fragrance/Parfum- Сите го обожаваме мирисот на свежо избањато бебе, ништо не мирса поубаво. НО, уживајте во слаткоста БЕЗ мириси бидејќи мирисот е последица на присуството на парфеми во составот на производот. Парфемите од составот на производите за нега на кожа, се поврзани со нарушување на хормоналното ниво и попречување во работата на хормоните, исто така може да предизвикаат кожни и респираторни алергии. Дури и минимални дози на хемикалии, кои го нарушуваат хормоналниот статус, може да предизвикаат проблеми во текот на животот, како што се: низок коефициент на интелегенција, застој во развојот, агресија и социјални проблеми.

• Phthalates- Зборот мирис/парфем на етикетата на производот, често крие токсичен коктел од повеќе состојки. Фталатите се дел од парфемите. Затоа, скоро никогаш нема да ги најдете наведени како посебна состојка во составот на производот. Може да предизвикаат низа здравствени проблеми. Проблеми со репродуктивното здравје и развојни проблеми, астма и респираторни проблеми.

• Parabens- Се користат како конзерванси, во козметичките производи за да се спречи развојот на бактерии. Парабените се апсорбираат преку кожата. Од кога ќе навлезат во нашето тело тие се однесуваат како хормон естроген. Естроген е женски хормон, кој е важен за сексуалниот развој и здравјето на градите. Парабените се поврзуваат, со зголемен раст на клетките на ракот на дојки. 

• 1,4- Dioxane- Се смета дека овој познат канцероген го има во повеќе од 50% од сите препарати за бебиња. Тој претставува загадувач. Во производот се појавува кога сурфактантот е етоксилиран или хемиски комбиниран, со соединението етилен оксид. Кога ќе го видите зборот лаурет, тоа значи дека производот е етоксилиран. Шампоните кои се означени како производи без солзи се етоксилирани. Може да навлезе преку кожата во бебешкиот организам. Истражувачите го поврзуваат со низа здравствени проблеми како канцерогени заболувања, репродуктивни проблеми, оштетување на бубрезите и црниот дроб. За да го избегнете не купувајте производи кои во нивниот состав ги наведуваат овие состојки: полиетилен, полиетилен гликол, натриум лаурет сулфат (ammonium lauryl sulfate, sodium laureth sulfate, sodium lauryl sulfate) , ксинол, оксинол, олет, PEG.

• Formaldehyde- Формалдехидите претставуваат канцерогени материи, кои често може да ги најдете во некои производи за нега, кои се специфично наменети за бебиња. Тие може да бидат директно додадени во нивниот состав или да се ослободат од другите конзерванси. Има многу хемикалии кои спаќаат во оваа група, ќе ги избегнете така што ќе читате состав на производот и ќе барате состојки под следните имиња: formaldrhyde, quaternium-1-2, dimethyl-dimethyl (DMDM), hydantion, imidazolidinyl urea, diazolidimyl urea, sodium hydrohymethylglycinate,, 2-bromo-2-nitropropane-1,3- diol (bromopol).

• Polyethylene Glycol (PEG)- Претставува нафтен дериват кој се користи како средство за згуснување.

• Diethanolamine (DEA) Triethanolamine (TEA)- Во 1998 год. истражувачите открија поврзаност помеѓу локалната примена на DEA и ракот (тестирано на животни). Европската комисија ја забрани за употреба на DEA во козметичките производи.

• Syntetic colors- Овие бои, потекнуваат од извори на нафта или катран од јаглен, а сите тие имаат штетни здравствени ефекти. 

Хидратантните крем за бебиња без потенцијално иритирачки мирис и парабени кои содржат високо квалитени органски масла кои помагаат да се одржи бариерата на деликатната кожа на бебето и да се задржи влагата за да се обезбеди хидратација во текот на целиот ден.

-LAVERA BABY & KINDER / ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА-Ја заштитува сензитивната бебешка и детска кожа од дехидрирање и овозможува одлична хидратација. Високо квалитетни органски масла од маслинки, сончоглед и вечерница, како и хранливиот шеа путер, ја негуваат сензитивната кожа и и овозможуваат интензивна хидратација и нежна заштита.

-LITTLE SIBERICA / 5 ВО 1 ХИДРАТАНТНА БЕБЕШКА КРЕМА-Оваа смирувачка крема, базирана на органски хидролат од сибирски бор, органски екстракт од тегавец и органско масло од алтаи волчји трн, ја хидрира и храни деликатната бебешка кожа и има смирувачко дејство. Д-Пантенолот инстантно ја смирува кожата, помага да се одржи хидро балансот на кожата, оставајќи ја бебешката кожа свиленкаста на допир, регенерирана и негувана.

-BIARRITZ ALGA NATIS / ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА БЕБИЊА-Нежна и смирувачка хидратантна крема за вашето бебе Сертифицираната органска нега на кожа ALGA NATIS® ја ублажува, омекнува и смирува деликатната кожа на доенчињата уште од раѓање. ALGA NATIS® е природен и безбеден избор, составена од сончогледово масло, кокосово масло и ексклузивната активна состојка Alga-Paisium. Нејзината хипоалергена формула со висока толеранција и без мирис ја навлажнува, храни и зајакнува незрелата кожна бариера и воедно ја штити од помали иритации на кожата. - Нејзината лесна и мазна текстура е совршена за масажa на детето.


Најгоре