Почитувани потрошувачи, ве известуваме дека од 10.05.2024 бесплатна достава следува за нарачки со износ поголем од 1500мкд. Ви благодариме за довербата! 💚
Зошто треба внимателно да се избира козметиката за бебе?
22 Sep

По раѓањето на бебето, порите на неговата кожа не се целосно затворени и преку тие пори многу токсични хемикалии може многу брзо да навлезат во бебешкиот организам. Со самото раѓање, бебињата немаат добро развиен филтер за прочистување на организмот, бубрезите и црниот дроб не се целосно развиени и со тоа не се способни да ги исфрлаат штетните материи од телото. На тој начин, тие се акумулираат во бебешкиот организам и може да предизвикаат низа здравствени проблеми. Треба да се трудиме, ние како родители да го зачуваме чист бебешкиот организам, да не го изложуваме на токсични хемикалии кои не може да се обработат од страна на бебешкиот организам. Честа појава се алергиските реакции на одредени производи за нега и егземата кај бебе. Дали сме се запрашале, од каде егзема на тоа мало суштество кое само што се родило?

Егземата претставува реакција на организмот, која се манифестира преку кожата. Пестицидите, тешките метали, токсичните хемикалии, вештачки бои и конзерванси се таложат во телото, и тоа испраќа одговор дека нешто му пречи за нормално да функционира. За да ја намалиме изложеноста на тој бебешки чист организам на токсични хемикалии, треба внимателно да се изберат производи за нега на бебешка кожа.

Најгоре