Почитувани потрошувачи, ве известуваме дека од 10.05.2024 бесплатна достава следува за нарачки со износ поголем од 1500мкд. Ви благодариме за довербата! 💚
За правилен раст и развој новороденчињата не треба да се изложуваат на токсични хемикалии
20 Sep

  • Средствата за одржување на лична нега и хигиена на бебето, треба да бидат избрани со многу внмание. Треба да се знае дека секое дете различно реагира на различни производи за лична нега и  хигиена. Но најбитно од сè е тие производи да бидат производи со безбеден состав. 
  •  Храната за вашето бебе треба внимателно да биде избрана. Ако бебето е на доење, вие сте тие што одлучувате каква храна ќе внесува вашето дете. Тоа се храни преку вас. Ако бебето е на млечна дохрана, односно адаптирана млечна формула, треба да изберете квалитетна млечна формула која ќе го поддржува правилниот раст и развој на бебето.
  • Хигиената во вашиот дом е многу битна по раѓањето на вашето бебе. Покрај тоа што хигиената треба редовно да се одржува, таа треба да се одржува на безбеден начин, кој нема да ви наштени на вас и вашето дете. Безбедно одржување на хигиена значи внимтелно одбирање на средства, кои во својот состав не содржат агресивни хемикалии на кои детето ќе биде постојано изложено По раѓањето, вашето дете најголем дел од времено го поминува во вашиот дом. Направете го домот, безбедно место за вас и вашето дете. Не го изложувајте на токсични хемикалии. Секое средство нека биде внимателно избрано. Тие хемикалии остануваат во вашиот дом, постојано сте изложени на нив преку дишењето, но не ретко тие завршуваат и во устата на вашите деца, преку играчките, цуцлата, рацете...
  • Вашата хигиена, односно хигиената на мајката исто така има есенцијално значење, посебно за бебињата доенчиња. Хемикалиити кои ги има во вашите препарати за лична хигиена и разубавување, може да навлезат во крвотокот, со што се излчуваат во мајчиното млеко и доспеваат до организмот на вашето бебе.

Најгоре