Шест најчести грешки при нанесување на парфем
15 May

  • Парфемот нанесувајте го директно на кожата, на одредени точки од телото кадешто може да го почувствувате неговото дејство. Правилно е парфемот да го нанесете на пулсирачките зони, односно на оние точки од телото кадешто можете да го почувствувате пулсот. На овој начин парфемот се шири и бранува со секое отчукување на вашето срце.

  • Парфемот практикувајте да го нанесете на адекватни делови од телото: на зглобовите, зад ушите, на вратот и на внатрешноста од лактите. Можеби досега не сте знаеле, но косата исто така има својство на долготрајна апсорбција на парфемот.

  • По нанесувањето, никако немојте да го триете местото каде што сте го нанеле парфемот (пр. триење на левата дланка со десната). Со триењето ги уништувате молекулите, односно хемискиот состав и се губи неговото дејство. Доволно е само да го нанесете и да почекате самиот да се впие во кожата.

  • Шишето од парфемот чувајте го подалеку од сонце и светлина,затоа што на тој начин подолго ќе ги зачувате неговите својства. Избегнувајте да го чувате во бањата, бидејќи влагата му пречи на парфемот. Препорачливо е да го чувате во оригиналната амбалажа, на темно и суво место, добро затворен.

  • Доколку и покрај тоа чувствувате дека парфемот не се задржува доволно долго на вашата кожа, пред да го нанесете, намачкајте го телото со неутрален лосион, а потоа нанесете го парфемот. Влажната кожа подолго го задржува мирисот, па така парфемот ќе остане подолготраен.


  • Парфемот не треба да биде последниот чекор од вашето разубавување. Имајте на ум дека некои парфеми оставаат флеки врз облеката. Освен врз облеката, парфемот може да остави траги и врз бисерите, металот и останатите камења кои се користат при изработка на накит. Хемикалијата од парфемот може да предизвика губење на сјајот на накитот и промена на бојата. Затоа препорачуваме секогаш парфемот да го нанесете пред да се облечете и пред да го ставите вашиот омилен накит


    Најгоре