SENSITIV SONNE / ДЕТСКИ ЛОСИОН ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ СО SPF50 - 100 МЛ.

Ново

1.595 МКД


Баркод: 4021457635351

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • СМИРУВАЊЕ
КОКОСОВО МАСЛО • СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО • ЦИНК ОКСИД

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Сигурна и инстантна минерална заштита од сонце, специјално наменета за сензитивната детска кожа на база на органско кокосово и органско сончогледово масло.

Откријте ја тајната на Lavera за природните и делотворни производи за нега за сончање: Нашата внимателно одбрана природна композиција со минерални УВ филтри, органско кокосово и органско сончогледово масло, и нуди на вашата сензитивна кожа на лицето, сигурна и инстантна заштита. Лесната и водоотпорна формула со минерална заштита, го намалува ризикот од иритации предизвикани од сончевите зраци, сончеви алергии и т.н. „Mallorca Acne“, a e погодна и за лица кои страдаат од невродермитис.

Прекрасното чувство на 100% сертифицирана природна козметика - без компромиси.

Ние ви ветуваме:

  • Нашите рецептури содржат состојки од контролирано биолошко (органско) земјоделство и не содржат синтетички УВ филтри, тврда и течна микропластика како и вештачки бои и конзерванси*.
  • Природни композиции, кои се внимателно компонирани и хармонизирани од страна научниот тим на Lavera со најдобрите состојки од природно потекло.
  • Природна козметика, која е сертифицирана од независни институции и која е дерматолошки тестирана.
  • Амбалажата** се состои од 97% рециклирачки материјал.
  • Ние сме климатски-неутрална компанија***.
* согласно EU-Kosmetik VO
** флашата без затворачот
** ClimatePartner.com/12310-1610-1001

„la vera“, во превод „вистинската“, се ангажира за заштита на климата и на животинскиот и растителен свет.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Пред употреба добро протресете. Нанесете непосредно пред изложувањето на сонце и редовно донанесувајте за време на изложеноста на сонце, особено при прекумерно потење или по капењето. Се препорачува бебиња и мали деца воопшто да немаат директна изложеност на сончевите зраци, да бидат заштитени со облека и со нега за сончање со висок фактор. Ниту еден фактор не штити 100% од штетните УВ зраци.

Избегнувајте го интензивното и јако пладневно сонце. Преголемата и долга изложеност на јако сонце претставува сериозен здравствен ризик! Избегнувајте контакт на кремата со очите. Исто така избегнувајте директен контакт на кремата со облека (можно е да настанат флеки).

Заштитата од штетните УВ зраци е во согласност со препораките од ЕУ Комисијата, во сооднос УВА:УВБ 1:3.


СОСТОЈКИ (INCI): ZINC OXIDE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, TITANIUM DIOXIDE, PONGAMIA GLABRA SEED OIL, DICAPRYLYL ETHER, GLYCINE SOJA (SOYBEAN) OIL*, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, BRASSICA CAMPESTRIS/ALEURITES FORDII OIL COPOLYMER, STEARIC ACID, POLYHYDROXYSTEARIC ACID, COCOS NUCIFERA (COCONUT) OIL*, MANGIFERA INDICA (MANGO) FRUIT EXTRACT*, CARICA PAPAYA (PAPAYA) FRUIT EXTRACT*, GLYCERYL OLEATE, POLYGLYCERYL-3 POLYRICINOLEATE, SILICA, OLEA EUROPAEA (OLIVE) OIL UNSAPONIFIABLES, PONGAMOL, ORYZANOL, TOCOPHEROL.

* состојка со сертифицирано органско потекло

Поврзани производи

Најгоре