VITAMIN C / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ – 30 МЛ.

Ново
Ново

2.149 МКД 3.070 МКД


Баркод: 3661467002234

ТОНИРАЊЕ • ПРОТИВ ФЛЕКИ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
УЛТРА ВИСОКА КОНЦЕНТРАЦИЈА - 25% ВИТАМИН Ц

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Ултра концентриран витамински коктел!

Како можеме да ви ги овозможиме придобивките од витаминот Ц (anti-aging ефект, отстранување на дамки на кожата и зајакнување на сјајот) на дневна основа и во сите сезони? Потребна ни е експертска грижа за нега на кожата: ултра високи концентрации на витамин Ц (25%), исклучителна стабилност и компатибилност со сите типови на кожа.


  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА VITAMIN C BOOSTER

Модерниот живот понекогаш крие некои лоши изненадувања од нас: загадување, пушење, стрес...кои за наша несреќа ни ги исцрпуваат резервите на витамин Ц. Сепак, овој витамин е клучен за нашата кожа. Овој производ го нарекуваме „Швајцарско ноже“ за убавина: антиоксидантен, проколагенски, антипигментен...

Тогаш како надоместуваме за овој недостаток на Витамин Ц? Технолошкиот предизвик во козметиката е многу покомплициран отколку што изгледа: витаминот Ц е многу нестабилен. Токму оваа проблематика претставуваше возбудлив предизвик за Novexpert и неговиот тим на експерти да ви понуди вистинско револуционерно решение.

Прв остварен предизвик: да се пронајде навистина стабилен витамин Ц комплекс, кој не е осетлив ниту на светлина ниту на топлина.

Втор остварен предизвик: хипоалергенска формула, којашто може да се употребува секојдневно, во текот на целата година и не е фотосензитивна.

Трет остварен предизвик: ултраконцентрирана доза со 25% стабилизиран витамин Ц комплекс.

Нашиот серум со витамин Ц е моќен антиоксидантен производ за нега на кожата. Работи на измазнување на кожата и помага при инстантно подобрување на сјајот. Неопходна формула, која ви дава дневна доза од овој клучен витамин, кој ја гарантира убавината на вашата кожа.


Бројка - 25

25% стабилизиран витамин Ц комплекс. Ултрависока концентрација, која го позиционира овој витамински серум како една од референците во оваа категорија за нега.


РЕЗУЛТАТИ:

ПОМАЗНА КОЖА*

88% од волонтерите си ја забележале својата кожа како инстантно помазна по првата употреба.

ПОСЈАЕН ТЕН**

98% од волонтерите си ја забележале својата кожа како посјајна по 28 дена употреба.

НАМАЛУВАЊЕ НА СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ***

-93% намалување на слободните радикали, кои се главната причина за стареењето на кожата.

*Тест на потрошувачи – 69 потрошувачи. % на задоволство по првата употреба - Утринска и/или вечерна употреба.
**Тест на потрошувачи – 69 потрошувачи. % на задоволство по 28 дена употреба - Утринска и/или вечерна употреба.
***Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултат, тестот е извршен на стабилизиран витамин Ц.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 2 до 3 капки дневно на целото лице и врат, распространете го витамин Ц серумот по целото лице и на одредени делови (пигментациски точки и брчки). Овој серум може да се нанесува самостојно или пред вашата крема. Можете да нанесете шминка веднаш откако ќе се нанесе серумот.

Фреквенција на употреба: наутро и/или навечер.


ШТО ДРУГО?

Сонцето го уништува витаминот Ц во кожата, што е причина за предвремено стареење. Уникатен и практичен, овој серум е сертифициран како нефотосензитивен и нефотоалергиски. Затоа може да се нанесе под вашиот крем за сончање и/или како нега по сончање.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, ASCORBYL METHYLSILANOL PECTINATE, PROPANEDIOL°, GLYCERIN°, 3-O-ETHYL ASCORBIC ACID, SILICA°, PARFUM (FRAGRANCE)°, GLUCOSYL HESPERIDIN°, SODIUM PCA°, ANOGEISSUS LEIOCARPA BARK EXTRACT°, SODIUM HYALURONATE°, TOCOPHEROL°, BETA-CAROTENE°, BISABOLOL°, ADENOSINE°, SACCHARIDE ISOMERATE°, SODIUM LACTATE°, CITRIC ACID°, GLYCERYL CAPRYLATE°, XANTHAN GUM°, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE°, SCLEROTIUM GUM°, GLYCINE SOYA (SOYBEAN) OIL°, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE°, ZEA MAYS (CORN) STARCH°, PHYTIC ACID°, BIOSACCHARIDE GUM-2°, SODIUM CITRATE°, LAURYL GLUCOSIDE°, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.






Поврзани производи

Најгоре