MAGNESIUM / МЛЕЧЕН ЧИСТАЧ ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

Ново
Ново

812 МКД 1.160 МКД


Баркод: 3661467002326

ЧИСТЕЊЕ • ОМЕКНУВАЊЕ
МАГНЕЗИУМ • ПРЕБИОТИЦИ • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Што ако вашиот чистач би служел истовремено и за нега на кожа?

Во текот на животот, вашата кожа ќе дојде во контакт со чистач околу 40.000 пати! Тоа се 40.000 причини да го изберете вистинскиот.


  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА MILKY CLEANSER HYDRO-BIOTIC

Не можете да ги видите, ниту пак да ги помирисате, но сепак...вашата кожа е екосистем, кој се состои од милијарди „добри бактерии“, чијашто листа на придобивки постојано се зголемува: смирувачки, антиоксидантни, регенеративни. Но овие добродетели се во опасност.

Модерниот живот има негативен ефект: загадувањето и прекумерната употреба на конзерванси, не заборавајќи ја рутината за отстранување на шминката, која исто така често се покажала како штетна. Бидејќи кожата се чисти речиси 40.000 пати во текот на животниот век, вашиот екосистем е ставен на тежок тест.

Решение? Novexpert има создадено кремаста млечна формула, којашто содржи повеќе состојки „со пет sвездички“: омега киселини, алое вера, магнезиум, масло од ноќниче, витамин Е и пребиотик (природен шеќер),  хранлива состојка на добрите бактерии на кожата. Нежен млечен чистач за сензитивна кожа, кој исто така овозможува вистински секојдневни придобивки и за нега на кожата.


Бројка - 1 милион

Еден милион бактерии на квадратен сантиметар изнесува густината на кожната флора. Една единствена човечка клетка, исто така содржи околу 10 бактерии!


РЕЗУЛТАТИ:

ПОМЕКА КОЖА*

100% од волонтерите си ја забележале својата кожа како понежна веднаш по првата употреба.

ПОЗАШТИТЕНА КОЖА**

88% од волонтерите си ја забележале својата кожа како позаштитена по 28 дена употреба.

ПОЕЛАСТИЧНА КОЖА**

96% од волонтерите си ја забележале својата кожа како поеластична по 28 дена користење.

*Тест на потрошувачи – 25 потрошувачи. % на задоволство по првата употреба.
**Тест на потрошувачи – 25 потрошувачи. % на задоволство по 28 дена употреба.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: 

ЈАПОНСКИ МЕТОД: нанесете со врвовите на прстите, масирајте и исплакнете со млака или студена вода. 

ЕВРОПСКИ МЕТОД: користете вата или еколошко крпче за повеќекратна употреба за целосно отстранување на шминката. Проследете со прскање со спрејот Magnesium Mist.

Фреквенција на употреба: еднаш или двапати на ден.


ШТО ДРУГО?

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ШМИНКА: Доколку е потребно, користете ја мицеларната вода од Novexpert линијата Hyaluronic, непосредно пред темелно да ја прочистите шминката од усните, очите и лицето со овој чистач.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*°, BUTYLENE GLYCOL°, GLYCERIN°, PALMITIC ACID°, STEARIC ACID°, GLYCERYL STEARATE°, PARFUM (FRAGRANCE)°, DICAPRYLYL CARBONATE°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*°, ALPHA-GLUCAN OLIGOSACCHARIDE°, LACTOBACILLUS FERMENT°, MAGNESIUM PCA°, LAURYL GLUCOSIDE°, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE°, GLYCERYL CAPRYLATE°, XANTHAN GUM°, ARGININE°, SCLEROTIUM GUM°, TRIHYDROXYSTEARIN°, PCA ETHYL COCOYL ARGINATE°, SODIUM PCA°, PHYTIC ACID°, CITRIC ACID°, TOCOPHEROL°

*состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло  
12.5% состојки од органско потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот ECOCERT
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Поврзани производи

Најгоре