VITAMIN C / ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ - 150 МЛ.

1.160 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (6)

Баркод: 3661467000681

ЧИСТЕЊЕ • ОТСТРАНУВАЊЕ НА ШМИНКА • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
ВИТАМИН Ц • ЦИНК • АЛОЕ ВЕРА

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пена за чистење на лице
  • Дејство / Ефект - Чистење , Ексфолијација (Exfoliating) , Отстранување на шминка (Makeup removing)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - Novexpert
  • Тип на кожа - Нормална кожа , Мрсна кожа , Комбинирана кожа , Зрела кожа
  • Наменето за - Лице

CE N’EST PAS MAGIQUE, C’EST SCIENTIFIQUE ! (Не е магија, наука е!)

Една единствена рутина со 3 дејства: чистење, отстранување на шминка и ексфолијација. Секојдневен ефект на „нова кожа“.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА EXPRESS RADIANT CLEANSING FOAM

Под микроскоп вашата кожа изгледа многу поразлично од она што би очекувале. Претставува пејзаж од долини, пукнатини, па дури и планини!

Да се измазни овој живописен пејзаж“ и да добие нормална текстура на кожата е навистина тешко. Novexpert нуди оригинално решение во форма на дневен ексфолирачки третман. Една рутина со 3 дејства: отстранување на шминката, чистење и измазнување на кожата за точно 20 секунди.

По третманот, текстурата на кожата е рафинирана и целосно трансформирана, како да е откриен еден посветол, посјаен тен. Ефектот „нова кожа“ се добива без ниту една абразивна состојка. Но, користењето на воздушестата пена со вода од портокал и природен мирис на цитрусно овошје и кајсија не е без ризик - ризик од зависност!


Бројка - 20

20 секунди е времето кое им е потребно на нежните ексфолирачки агенси на оваа пена да делуваат. Потоа имате уште 10 секунди за нежна масажа и плакнење.


РЕЗУЛТАТИ:

ПРОЧИСТЕНИ ПОРИ*

100% од волонтерите си ги забележале своите пори како прочистени по 28 дена употреба.

ПОСВЕТОЛ ТЕН*

100% од волонтерите си го забележале својот тен како посветол по 28 дена употреба. 

*Тест спроведен од независна лабораторија - Тест на корисници – 22 волонтери. % на задоволство по 28 дена употреба. Две нанесувања дневно.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете ја пената на навлажнето лице.  Оставете ја 20 секунди да делува, потоа масирајте 10 секунди, исплакнете и исушете го лицето. Чистење еднаш дневно, по можност навечер е доволно. Исто така е идеална како превентивен третман за поткожни влакна на брадата кај мажите.


ШТО ДРУГО?

RADIANT COMPLEXION: нанесување на оваа пена, проследено со детокс маската од линијата Magnesium и потоа плакнење со студена вода. 10-минутен третман, кој ви дава изедначен тен, како и свежа, чиста и мека кожа.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, GLYCERIN°, COCO-GLUCOSIDE°, DECYL GLUCOSIDE°, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE°, GLUCONOLACTONE°, CITRIC ACID°, DISODIUM COCOYL GLUTAMATE°, PARFUM (FRAGRANCE)°, ASCORBYL GLUCOSIDE°, ZINC PCA°, CITRUS AURANTIUM DULCIS (ORANGE) FRUIT WATER*°, GLYCERYL CAPRYLATE°, SODIUM COCOYL GLUTAMATE°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*°, PCA ETHYL COCOYL ARGINATE°, PHYTIC ACID°, CARICA PAPAYA (PAPAYA) FRUIT EXTRACT°.

*состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло
20.6% состојки од органско потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот ECOCERT
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.




Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Наташа Тасева
16/03/2024
Подобро нешто од оваа немам ниту сретнато ниту купено. Лицето ми е меко како памук,чисто и сјајно. 10/10

Marija М
30/09/2022
Прекрасна е, како и секој производ од Новексперт!

Silvia
21/08/2022
Osvezitelna pena za cuvstvitelna kozha. Predobar izbor

Славица
08/04/2022
Многу сум задоволна од пенава , дава сјај на лицето и мириса прекрасно

Monika Todosieva
02/04/2022
Prekrasna e penata!

Olivera Parizoska
30/09/2021
Fantasticna pena... nema promashaj

Поврзани производи

Најгоре