MAGNESIUM / СПРЕЈ ЗА ЛИЦЕ ЗА ИРИТИРАНА КОЖА – 150 МЛ.

485 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (3)

Баркод: 3661467002487


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Тоник за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Смирување (Soothing/Calming)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - Novexpert
  • Тип на кожа - Нормална кожа , Сува кожа , Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Чиста магнезиумска сол во вода!

Дерматолозите се свесни: магнезиумот е корисен како за вашиот организам, така и за вашата кожа. Овој смирувачки и заштитувачки микроелемент сега е достапен во ултрависоки концентрации во спреј.


  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА MAGNESIUM MIST

Во Novexpert, науката ги диктира нашите избори кога се работи за креирањето на производите за нега. Магнезиумскиот спреј е совршен пример. По анализирањето на научните истражувања за магнезиумот, нашиот експертски тим посака да развие универзален производ за нега: магнезиум за сите.

Производ за нега во форма на спреј се чинеше како најповолен начин, да се искористат сите бенефити на магнезиумот: смирување, хидратација и заштита од загадување. По 3 години развој и истражувања, производот „се роди“. Зад сцената, голема концентрација на природен магнезиум од Мртво Море, комбиниран со ултрачиста вода. За оптимални резултати, употребената вода е физиолошка и изотонична, односно со иста концентрација на минерални соли како вашите солзи.

Оваа уникатна особина гарантира хидратација при идеален биоафинитет со вашата кожа: ултрасмирувачки, против загадувачки и антиоксидантни резултати.


Бројка - 1500

Речиси 1500 мг. магнезиумска сол: веројатно една од највисоките концентрации на магнезиум во еден козметички производ, можеби и највисоката во светот.


РЕЗУЛТАТИ:

ХИДРАТАЦИЈА*

4х четири пати поголема хидратација во надворешните епидермални слоеви.

СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ**

-27% посмирена кожа веднаш по првата употреба.

ЕФЕКТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ**

-40% попрочистена кожа веднаш по првата употреба.

*Тест изведен од независна лабораторија. Корнеометриски мерења, 11 волонтери.
**Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултати.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Држете на 30 см. од лицето, затворете ги очите и прснете 2-3 пати за да го покриете целото лице. Оставете го 10 секунди да делува, потоа исушете го. Може да се користи:

  • За смирување на кожата
  • Како тоник по чистење и/или отстранување на шминка
  • Како освежувач за кожата
  • За фиксирање на шминка


ШТО ДРУГО?

Во услови на високи температури или за утра кога ви е особено тешко да се расоните, чувајте го спрејот во фрижидер за инстантен студен и освежувачки ефект.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, MARIS SAL (SEA SALT)°, NITROGEN°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.
Листата на состојки употебена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Mиа
15/07/2022
Забележувам голема разлика користејќи го 2-3 пати на ден. Препорачувам.

Ана
25/05/2022
Одличен спреј за смирување на кожата. Го користам навечер на чиста кожа пред нанесување серум за лице. Исто така имав иритација на внатрешната страна на бутовите и преку ноќ успеа да го смири црвенилото.

Марија Најдовска
26/03/2022
Многу убаво ја смирува кожата а воено ја хидрира и разладува. Може да се користи и над шминка, убаво ќе ја освежи кожата. Must have производ.

Поврзани производи

Најгоре