MAGNESIUM / СПРЕЈ ЗА ЛИЦЕ ЗА ИРИТИРАНА КОЖА – 150 МЛ.

Ново
Ново

485 МКД


Баркод: 3661467002487

ДОСТАПНО ЕКСКЛУЗИВНО ВО ДМ!

Достапно само во продавниците на ДМ Дрогерие Маркт

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Чиста магнезиумска сол во вода!

Дерматолозите се свесни: магнезиумот е корисен како за вашиот организам, така и за вашата кожа. Овој смирувачки и заштитувачки микроелемент сега е достапен во ултрависоки концентрации во спреј.


  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА MAGNESIUM MIST

Во Novexpert, науката ги диктира нашите избори кога се работи за креирањето на производите за нега. Магнезиумскиот спреј е совршен пример. По анализирањето на научните истражувања за магнезиумот, нашиот експертски тим посака да развие универзален производ за нега: магнезиум за сите.

Производ за нега во форма на спреј се чинеше како најповолен начин, да се искористат сите бенефити на магнезиумот: смирување, хидратација и заштита од загадување. По 3 години развој и истражувања, производот „се роди“. Зад сцената, голема концентрација на природен магнезиум од Мртво Море, комбиниран со ултрачиста вода. За оптимални резултати, употребената вода е физиолошка и изотонична, односно со иста концентрација на минерални соли како вашите солзи.

Оваа уникатна особина гарантира хидратација при идеален биоафинитет со вашата кожа: ултрасмирувачки, против загадувачки и антиоксидантни резултати.


Бројка - 1500

Речиси 1500 мг. магнезиумска сол: веројатно една од највисоките концентрации на магнезиум во еден козметички производ, можеби и највисоката во светот.


РЕЗУЛТАТИ:

ХИДРАТАЦИЈА*

4х четири пати поголема хидратација во надворешните епидермални слоеви.

СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ**

-27% посмирена кожа веднаш по првата употреба.

ЕФЕКТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ**

-40% попрочистена кожа веднаш по првата употреба.

*Тест изведен од независна лабораторија. Корнеометриски мерења, 11 волонтери.
**Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултати.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Држете на 30 см. од лицето, затворете ги очите и прснете 2-3 пати за да го покриете целото лице. Оставете го 10 секунди да делува, потоа исушете го. Може да се користи:

  • За смирување на кожата
  • Како тоник по чистење и/или отстранување на шминка
  • Како освежувач за кожата
  • За фиксирање на шминка


ШТО ДРУГО?

Во услови на високи температури или за утра кога ви е особено тешко да се расоните, чувајте го спрејот во фрижидер за инстантен студен и освежувачки ефект.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, MARIS SAL (SEA SALT)°, NITROGEN°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.
Листата на состојки употебена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Поврзани производи

Најгоре