ROSE / ЛИСТ МАСКА ПРОТИВ БРЧКИ ОД РОЗА – 25 МЛ.

180 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 8809228334698


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Лист маска за лице
  • Дејство / Ефект - Против брчки (Anti-Wrinkle) , Затегнување (Firming/Lifting)
  • Сертификати - Vegan Society , BDIH COSMOS NATURAL , HALAL
  • Брендови - CHOBS
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Што прави?

Сите придобивки на органска роза во една лист-маска!

Оваа маска за против брчки е богата со нутриенти од органска роза, кои го збогатуваат еластицитетот и затегнатоста на кожата со свежина и виталност. Здравите состојки од органските фарми и билките што растат со моќите на природата, сончевата светлина, ветрот и воздухот, го снабдуваат Тencel листот со одлично слепување.

Кога?

Природнатa маска од роза, може да се користи:

  • за освежување на уморна кожа, хранејќи ја со богати латици од роза
  • за хидратација на сува кожа
  • за затегнување на текстурата на кожата, за перфектно нанесување на шминка
  • за сензитивна кожа, која треба да се пренасочи кон органска козметика
  • за да се добие мазна и беспрекорна кожа
  • за да се отстрани стресот предизвикан од штетни хемикалии


Tencel (Тенсел) лист

Есенцијата е добро апсорбирана, благодарение на овој Тенсел лист

  • влакна од целулоза, од Еукалиптус дрво
  • еко-пријателски биоразградливи материјали
  • густо ткаен за да биде тенок и леплив
  • добро се прилепува на лицето и е погодно за адаптација


Органски состојки

Екстракт од органска роза – латиците од розата се одличен извор на витамини, одлични за сите типови на кожа со неверојатна конвергенција. Има специјални седативни својства, кои ја смируваат сензитивната кожа.

Вода од органски јаболка – висока содржина на диетални влакна кои се користат како одличен адстрингент, кој ја измазнува текстурата на кожата, ја прави чиста и еластична.

Екстракт од органски рузмарин – помага да се смири сензитивна кожа. Дава освежувачка сензација, заштитува од активен кислород и ја одржува кожата жива.

Аденозин – елемент кој што ја намалува појавата на брчки и го обновува еластицитетот на кожата. Исто така стимулира обнова на клетките на кожата. Резултатот е неверојатен и долготраен. Виталноста на кожата се зајакнува и одржува.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:

  1. По чистење на лицето со топла вода, со крпа избришете го вашето лице.
  2. Извадете го листот, распространете го добро и еднакво нанесете го на целото лице.
  3. По 10-20 минути, кога есенцијата ќе се апсорбира во кожата, нежно отстранете го листот од лицето.
  4. Преостанатата есенција на лицето лесно натапкајте ја до целосна апсорбција. Исто така може да се нанесе и на вратот, рацете и нозете.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, **GLYCERIN, *PYRUS MALUS FRUIT WATER, *ROSE EXTRACT, *ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, USNEA BARBATA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, *ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF WATER, XANTHAN GUM, POLYGLYCERYL-10 LAURATE, DIPOTASSIUM GLYCYRRHIZATE, *CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER, *PORTULACA OLERACEA EXTRACT, POLYGLYCERYL-10 MYRISTATE, ADENOSINE, *CITRUS AURANTIUM BERGAMIA FRUIT OIL, *PELARGONIUM GRAVEOLENS OIL, LIMONENE, ARGININE, LINALOOL, CITRONELLOL, *FUSANUS SPICATUS WOOD OIL, GERANIOL, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре