ACTIVE SOLUTIONS "BI-PHASE HYDRATION" / ХИДРАТАНТЕН ТОНИК ЗА ЛИЦЕ - 100 МЛ.

835 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4603766014043

ХИДРАТАЦИЈА • ЗАШТИТА
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • GLYCERYL GLUCOSIDE • СКВАЛАН
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внеси ја својата е-пошта и ќе ти пратиме порака кога продуктот ќе биде на залиха


Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Концентрирано, високо ефективно решение, специјално наменето за лице. Дво-фазен агенс кој содржи активни, навлажнувачки состојки како, хиалуронат, глицерил гликозид и хидролизиран протеински комплекс. Овие компоненти се способни да привлечат водни молекули и да дејствуваат како осмозаштитници. Сквалан фазата ја “запечатува” трансепидермалната бариера на кожата и превенира загуба на нејзината влажност.


Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојки и заштитувајќи ја од надворешни фактори.

Пченичните протеини се протеински хидролизат, кој воглавно се состои од амино киселини, протеини и пептиди.Тие ја задржуваат водата во кожата, превенирајќи ја нејзината дехидратација. Хиалуронатот со ниска молекуларна тежина, изложува силна хигроскопност. Поради нејзината молекуларна тежина, оваа супстанца има способност да пенетрира во подлабоките слоеви на дермисот, да привлече водни молекули и да ги задржи таму. Глицерил гликозидот, добиен со екстракција од Ерихон розата, создава матрица од вода, спречувајќи го нејзиното понатамошно испарување и делувајќи како осмозаштитник на кожата.Неполарниот слој на производот кој содржи скуалан, го “покрива” епидермисот изложен на дехидратација, репарирајќи го горниот слој, благодарение на својот висок афинитет за липидната бариера на кожата.


Индикации (наменето за): Сува, сензитивна кожа; кожа со изгубен еластицитет во горните слоеви од дермисот.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите од производот.

Пропратни ефекти: Индивидуална интолеранција на компонентите од производот


25% состојки од органско потекло

99,45% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Пред употреба протресете го шишето се до појавување на хомогена, бела смеса. Нанесете со помош на вата на целото лице и вратот, или на проблематичните делови од лицето, пред употреба на крема, или серум. Количината зависи од потребата. Не се препорачува почеста употреба од два пати дневно.


Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.


СОСТОЈКИ (INCI):  AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE *, ISOAMYL LAURATE (AND) ISOAMYL COCOATE, GLYCERIN, SQUALANE, PENTYLENE GLYCOL, GLYCERYL CAPRYLATE, BENZYL ALCOHOL, HYDROLYZED WHEAT PROTEIN, BETAINE, GLYCERYL GLUCOSIDE, SODIUM HYALURONATE, CARRAGEENID, CARRAGEEN.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Искористете го кодот за 15% попуст при процесирање на вашата следна нарачка: Review15

Поврзани производи

Најгоре