ACTIVES / СЕРУМ СО ВИТАМИН П 0,2 % + КОФЕИН 5 % - 30 МЛ.

770 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (2)

Баркод: 4603739874551

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ЕЛАСТИЧНОСТ
КОФЕИН • ВИТАМИН П • ВОДА ОД СИНЧЕЦ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Регенерација (Repairing/Regenerating) , Еластичност (Elasticity)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - True Alchemy
  • Тип на кожа - Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Биокозметички ефект: Кафеинот, апсорбиран во подлабоките слоеви на дермисот, овозможува трансформација на масните ткива и стимулира распад на масните киселини во триглицериди, глицерин и вода. Како дел од серумот, помага да се отстранат стари клетки, го забрзува дотокот на крвта во горните слоеви на кожата и нејзината понатамошна регенерација.

Гликозил хесперидинот како флавоноид од групата на витамин П, поради својот биохемиски ефект, ја зголемува концентрацијата на хиалуронска киселина. Како резултат, кршливоста и пропустливоста на крвните капилари се намалува, нивната еластичност се зголемува, а крвната циркулација се подобрува. Во комбинација со висока концентрација на кафеин, гликозил хесперидинот елиминира траги од розацеа, неутрализира слободни радикали, спречувајќи оксидативни процеси во клетките.


Индикации (наменето за): Препорачано за употреба во борбата со розацеа, пигментација предизвикана од близината на капиларите до површината на кожата, како и за спречување и борба против темните кругови под очите.

Контраиндикации: Ако сте хиперсензитивни на компоненти од серумот, може да се појават алергии, или иритации.

Пропратни ефекти: Можна е зголемена сензитивност на кожата на надворешни влијанија.


% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 1-4 пати неделно, како самостоен производ, за да се справите со горенаведените симптоми. Нанесете на проблематичните предели на лицето се до негово впивање. Не плакнете со вода.


Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, CENTAUREA CYANUS FLORAL WATER, GLYCERIN, CAFFEINE, GLUCOSYL HESPERIDIN, XANTHAN GUM, BENZOIC ACID, LACTIC ACID.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Марина
02/07/2023
Убедливо најдобар серум, го смирува црвенилото од розацеа и го регулира вишокот маснотија кога го нанесувам пред да ставам течна пудра. Препорака - рутина Магнолија...

Elisaveta
24/11/2021
Серум кој многу ми помогна за намалување на црвенилото од розацеа. Го користев во комбинација со аргинин по препорака од Магнолија и многу сум задоволна.

Поврзани производи

Најгоре