ACTIVES / СЕРУМ СО ВИТАМИН Е ВО СКВАЛАН - 30 МЛ.

1.110 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (2)

Баркод: 4603739666699

ПОДМЛАДУВАЊЕ • ХРАНЕЊЕ
СКВАЛАН • МЕШАВИНА ОД ТОКОФЕРОЛИ
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Хранење (Nourishing) , Обнова (Renewal) , Подмладување (Rejuvenation)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - True Alchemy
  • Тип на кожа - Сува кожа , Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Биокозметички ефект: Содржи мешавина од токофероли - биолошки активни супстанции, комбинирани во група на витамин Е. Покрај витаминската активност, токоферолите се исто така силен природен антиоксидант, кој спречува липидна пероксидација, со деактивација на слободните радикали на масните киселини, заштитувајќи ги липидните структури на клетките од оштетување. Составот на токоферолите ја стимулира активноста на ензимите поврзани со процесот на детоксикација. Токоферолите ги неутрализираат слободните радикали, го стимулираат процесот на оксигенација на ткивата, го неутрализираат дејството на редуктазите. Нивниот главен ефект е подмладување, успорување на процесот на стареење и корекција на акни и себореа.

Овозможува целосна грижа: хранење, хидратација, заштита и обновување на кожата;  има моќно антиоксидантно својство, го успорува процесот на стареење, ја намалува длабочината на брчките и го спречува нивното формирање. Има способност да пенетрира длабоко во кожата и да изврши ефект на ниво на дермисот, а не само на епидермисот.


Индикации (наменето за): Погоден за сензитивна кожа и за кожа околу очите. Се користи за нега на деликатна бебешка кожа и се препорачува за сува, лесно иритантна и кожа која е хиперсензитивна на козметика.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

Пропратни ефекти: Не се идентификувани.


% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Се користи како активна состојка и како независен производ. Нанесете на лицето со нежни кружни движења.


Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.


СОСТОЈКИ (INCI): SQUALANE, TOCOPHEROL.                                                  

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Нада Андрееска
23/03/2022
Одличен продукт кој што помага во длабинска хидратација на кожата. Помага во справување со лузни, бели стрии и хиперпигментација. Го користам веќе подолго време и можам да кажам дека сум презадоволна. Го препорачувам на сите што имаат некој од наведените проблеми.

Андреа
30/09/2021
Серумов е како еликсир на младоста! Толку е нежно на кожата што веднаш се впива и остава природен сјај. Јас го користам навечер, и уште по првата употреба утредента лицето ми беше толку меко и со подобрена текстура што не можев да престанам да си го галам. Моја најтопла препорака.

Поврзани производи

Најгоре