ACTIVES / СЕРУМ СО "ECTOIN" 1,0 % - 30 МЛ.

770 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (3)

Баркод: 4603739666750

ЗАШТИТА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
ECTOIN • МАСЛО ОД КАЈСИЈА • ЕКСТРАКТ ОД СИБИРСКИ ЖЕНШЕН

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Заштита (Protection) , Против стареење (Anti-Ageing)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - True Alchemy
  • Тип на кожа - Сува кожа , Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.

Активна концентрација од 1% ектоин, помага да се одржи кожата хидрирана долг период, се до крајот на самиот лек. Елиминира црвенила на кожата предизвикани од егзема, алергии и иритации, ја зголемува отпорноста на бариерата на кожата на уништувачките надворешни влијанија и на физиолошко ниво ја измазнува кожата на лицето и околуочниот предел, во поглед на сите знаци на стареење.

 

Индикации (наменето за): Нега на кожа склона на воспаленија, склона на стрес и неговите ефекти, како и за избледена, сува и дехидрирана кожа.

Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти на произвзодот.

Пропратни ефекти: Не е препорачана секојдневна употреба. Кај хиперсензититвна кожа, можна е појава на привремено црвенило, или иритација.

 

% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Овој козметички производ е наменет за самостојна употреба до 4 пати неделно. Нанесете на целото лице, или делови од него. Користете внимателно на околуочниот предел и не повеќе од 2 пати неделно. Нанесете и распределете до целосно впивање.

 

Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, ECTOIN, BETAINE, XANTHAN GUM, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL, BENZOIC ACID, VACCINIUM VITIS-IDAEA EXTRACT, TRIFOLIUM EXTRACT, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS EXTRACT.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

natalija petreska
09/07/2022
odlicno ja hidrira kozata

Ивана
03/05/2022
Одличен

Александра Филиповска
17/10/2021
Одличен серум за хидратација, посебно за летниот период. Ја хидрира иритираната кожа и го смирува воспалението и чешањето.

Поврзани производи

Најгоре