RADIANCE & ENERGY / MARGAR’ECLAT МАСКА ЗА ЛИЦЕ ЗА УМОРНА КОЖА – 20 МЛ.

Ново

360 МКД


Баркод: 3770002306413

ОСВЕТЛУВАЊЕ • ОСВЕЖУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
ГРЕЈПФРУТ • МОРКОВ • FUCOCERT®

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Хидратантна маска за лице направена од биоразградлив памук и органски грејпфрут. Десетина минути е се што ви е потребно за да ги уживате бенефитите на оваа маска исполнета со природни и активни состојки, вистинска „доза на светлина“.

Уморна и бледа кожа, а летото сепак далеку! Време е за доза витамин Ц, а притоа нема да треба да се предозирате од јадење мандарини, ниту пак да одите на Бахамите - 10 минути е се што ви треба. Предизвикајте ја вашата кожа да почне да игра „Маскарена“, благодарение на состојките со осветлувачки, тонирачки и хидратантни својства, за блескаво сјајна кожа!

Да се нанесува еднаш неделно, заедно со останатите производи од оваа линија за оптимални ефекти!

  • Освежувачкиот морков, и дава „boost“ ефект дури и на најуморната кожа, бидејќи е богат со витамин Ц. Неговиот бета-каротен ќе ви даде сончев тен, независно од годишното време!
  • Додадовме и грејпфрут, за енергизација и тонирање на кожата. Ја измазнува текстурата на кожата и ги намалува порите за сјајна кожа.

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:

Чекор 1: Ставете ја маската на чисто и суво лице. Ве советуваме најпрво да го поминете лицето со пилинг, како на пример Sucré Frappé пилингот од органски грејпфрут, со цел активните состојки да можат да пенетрираат полесно во кожата. Има дупки во самата маска за носот, очите и усните, така што полесно ќе забележите како точно се нанесува.

Чекор 2: Оставете ја 10-15 мин. Оставете го телефонот настрана, опуштете се и дишете длабоко.

Чекор 3: Отстранете ја маската и масирајте го вишокот од серумот со прстите или пак со памучна вата. Евентуално може и да го исплакнете лицето со вода. Восхитувајте и се на освежената кожа и излезете надвор да се покажете.


СОСТОЈКИ(INCI): AQUA (WATER), CITRUS PARADISI (GRAPEFRUIT) FRUIT WATER*, DAUCUS CAROTA SATIVA (CARROT) ROOT WATER*, GLYCERIN, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, XANTHAN GUM, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE, SODIUM PHYTATE, BENZYL ALCOHOL, CITRUS SINENSIS PEEL OIL EXPRESSED (CITRUS AURANTIUM DULCIS (ORANGE) PEEL OIL)*, LIMONENE, BUDDLEJA DAVIDII EXTRACT, THYMUS VULGARIS (THYME) FLOWER/LEAF EXTRACT, CITRIC ACID, BIOSACCHARIDE GUM-1, SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE, SODIUM LEVULINATE, DEHYDROACETIC ACID, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM ANISATE, ALCOHOL.

(* состојка од органско земјоделство).

11% состојки од органско потекло.

99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC.

Поврзани производи

Најгоре