BAUCKHOF / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ЧИЗКЕЈК БРАУНИС - 350 ГР.

350 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 4015637013329

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Oрганска безглутенска смеса за печење на чизкејк браунис на Bauckhof. Браунис или чизкејк? Дали понекогаш ви е тешко да се одлучите што би испекле? Тогаш чизкејк браунис на Bauckhof може да биде соодветна комбинација за вас. Сочното тесто за браунис во комбинација со кремастиот прелив за чизкејк и е идеално за сите љубители на колачи и десерти. Исто така ова веганско задоволство не содржи глутен.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- Не содржи глутен

- Не содржи лактоза

- За брза и лесна подготовка

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ


Начин на подготовка:

За 1 калап за торти со стега (ø 25 cm). Додадете ги следните состојки:

- За тесто: 125 g мек путер, 1 јајце, 100 ml млеко.

- За прелив: 250 g кварк (бело сирење) со малку маснотии, 1 јајце.

1. Загрејте ја рерната на 180 °C (горна/долна топлина) и покријте го калапот за торти со стега (ø 25 cm) со хартија за печење.

2. Додадете ја смесата за печење за тестото за браунис во сад и измешајте со путерот, јајцето и млекото. Во вториот сад измешајте ја смесата за преливот од чизкејк со кваркот со малку маснотии и јајцето.

3. Истурете го тестото за браунис во калапот и измазнете го. Потоа со помош на лажица одозгора нанесете го преливот за чизкејк во мала количина.

4. Печете приближно 40 минути на средна решетка. Оставете добро да се излади пред послужување. Подолгото време на печење ќе влијае на сочноста на чизкејк браунис. Наш совет: Тестото за браунис станува дополнително сочно ако промешате 2 лажици сируп од шеќерна репка.


Веганска подготовка:

Додадете ги следните состојки:

- За тесто: 100 g мек маргарин, 100 ml растителен напиток.

- За прелив: 150 g веганско крем сирење, 150 g веганска урда.

За веганска подготовка, додадете маргарин, растително млеко и смесата за печење за тестото за браунис во сад и изматете додека истата не се изедначи. Во вториот сад измешајте ја смесата за преливот од чизкејк со веганско крем сирење и веганска урда. Потоа продолжете како што е наведено погоре во рецептот.


Двојно чоколаден чизкејк-мафин

Покрај состојките наведени погоре, потребни ви се 100 g чоколадни парчиња. Подгответе го кремот како погоре и со лажица ставете го врз чоколадното тесто. Потоа посипете со половина од парчињата чоколадо. Време на печење 40 минути. Оставете да се излади темелно пред консумирање. Загрејте ја рерната на 180 °C со горната/долната топлина и обложете калап за 12 мафини (но рецептот можете да го подготвите и без калап за мафини). Подгответе ја смесата за браунис како што е опишано погоре и додадете ги преостанатите парчињата чоколадо. Поделете ја смесата рамномерно помеѓу калапите. 


Состав: Шеќер од шеќерна репка*, пченкарен скроб*, оризово брашно*, нискомаслено какао во прав* 8%, листови од темно чоколадо* 6% (сиров шеќер од трска*, какао маса*, какао путер*, емулгатор: лецитин од сончоглед*), згуснувач: гума од рогач*, камена сол, ванила*.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови, млечни протеини, соја и сусам.


Складирање: Чувајте на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1623 kJ/383 kcal

Масти: 2,9 g

од кои заситени: 1,6 g

Јаглехидрати: 84 g

од кои шеќери: 54 g

Растителни влакна: 3,7 g

Протеини: 3,7 g

Сол: 0,15 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре