Цена со 10% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Со оваа веганска органска готова смеса на Bauckhof можете да уживате во класични шпагети на чисто растителен начин. Се што ви е потребно за смесата се 400 g несолени конзервирани парчиња домати и свежо сварени тестенини. Смесата може да се подготви и како пржен зеленчук.
- Погодна за вегани
- Погодна за вегетаријанци
- Не содржи лактоза
- Незасладена смеса
- Одличен избор за флекситарци, вегетаријанци или вегани
- За брза и лесна подготовка
- Со разноврсна примена
- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ
За подготовка за 3-4 порции:
Готовата смеса измешајте ја со 400 g конзервирани парчиња домати и 600 ml ладна вода. Оставете да зоврие додека мешате. Потоа намалете ја температурата на шпоретот. Покријте и динстајте 15-20 мин. на ниска температура со редовно мешање. Послужете со тестенини по избор.
Наша верзија на класичен рецепт: Вегетаријанска тава со зеленчук.
Пропржете 600 g крупно сецкан зеленчук со 4 лажици масло за јадење. Додадете 700 ml течност и истурете ја смесата од пакувањето. Намалете ја топлината. Варете 10-15 минути со затворен капак. Редовно мешајте. Зачинете по вкус со свежи билки, сол и бибер. По желба додадете крем за готвење (хопла).
Состав: Црвена леќа* 25%, зрна од зелена спелта*, овесни зрна*, оризови снегулки*, брашно од костен*, оризово брашно*, домати* (концентрат од доматно пире*, пченкарен скроб*), морска сол, кромид*, морков*, какао*, чадена сол (морска сол, буков чад), праз*, лук*, босилек*, бибер*.
*од сертифицирано органско земјоделство
Може да содржи траги од други житарици кои содржат глутен, јаткасти плодови, соја и сусам.
Алергени: Зрна од зелена спелта.
Складирање: Да се чува на ладно и суво место.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1359 kJ/322 kcal
Масти: 2,7 g
од кои заситени: 0,6 g
Јаглехидрати: 55 g
од кои шеќери: 7,2 g
Растителни влакна: 11 g
Протеини: 13 g
Сол: 4,6 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар