ORGANIC COCONUT / ШАМПОН ЗА КОСА ОД КОКОС - 280 МЛ.

410 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4743318100531

ХИДРАТАЦИЈА • СЈАЈНОСТ
МАСЛО ОД КОКОС • ЦВЕТ ОД ПОРТОКАЛ • ВИТАМИН B5

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Шампон за коса
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Сјајност (Shining/Radiance)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC , Vegan Society
  • Брендови - Planeta Organica
  • Наменето за - Коса
  • Тип на коса - Сите типови на коса

Овој сертифициран органски шампон е наменет да ѝ даде на Вашата коса „тропска хидратација“. Составен од органско масло од кокос и индиски сапунски орев, специјално е дозиран да ја хидрира косата и да ѝ го врати природниот сјај. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Органското кокосово масло од Сејшелите, освен интензивната хидратација, го прави влакното помеко, поеластично и пофлексибилно, а има и природен заштитен фактор од сончевите зраци. Водата од цвет од портокал ја прави косата сјајна и ѝ дава прекрасен цветен мирис. Екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смирува иритираниот скалп и ги отстранува бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.

 

РЕЗУЛТАТ: 88% помека коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 88% го имаат потврдено резултатот).

 

10% состојки од органско потекло

97.8% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на косата и нежно масирајте. Оставете го да делува 2-3 минути, потоа исплакнете.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, DECYL GLUCOSIDE, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM CHLORIDE, COCOS NUCIFERA OIL*, CITRUS AURANTIUM AMARA FLOWER WATER*, SAPINDUS TRIFOLIATUS FRUIT EXTRACT, GUAR HYDROXYPROPYLTRIMONIUM CHLORIDE, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, PARFUM, LIMONENE.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре