BJORG / ОРГАНСКИ РАСТИТЕЛЕН ПИЈАЛАК ОД СПЕЛТА И ЛЕШНИЦИ - 1 Л.

215 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3229820783338


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Растителен пијалак
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bjorg

Вкусен и со мала содржина на заситени масни киселини, овој растителен пијалок од Bjorg ќе ве изненади со вкусот на лешник. Освежителен и кремаст, може да се консумира во секој дел од денот, како топoл или ладен напиток или за подготовка на разни кулинарски рецепти.


- Не содржи додаден шеќер

- Со ниско ниво на заситени масни киселини

- 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло


Рецепт за подготовка на колач од овесна каша со овошје:

Потребни состојки:

1 јајце

10 g кафеав шеќер

20 g растопен маргарин

25 ml растителен пијалок од спелта и лешници 

10 g брашно

1/4 ќесичка сушен органски квасец

25 g органски овесни снегулки од Bjorg

35 g црвено овошје (свежо или замрзнато)

Време за подготовка: 15-30 минути


Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180°. Растопете го путерот и измешајте го со силно матење заедно со кафеавиот шеќер. Додадете ги јајцата едно по едно, додека продолжувате со матењето. Загрејте го растителното млеко, додадете го кај јајцата и продолжете со матење. Брашното и квасецот се просејуваат, се додаваат овесните снегулки и сето убаво се меша. Направете отвор во средината и истурете ја течната смеса. Измешајте сè заедно со кружни движења. Додадете го црвеното овошје. Намачкајте го калапот за колачи (20 cm)  со путер и истурете го тестото во него. Печете околу 30 минути. Пред да послужите, оставете да се олади. Уживајте!

Наш совет: Доколку користите замрзнато црвено овошје, за да не се згмечат плодовите, во последен момент истурете ги во сито, посипете ги со 1 лажица брашно, просејте и додадете ги во подготовката.


Kарактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија. 


Состав: Вода, спелта* (пченица) 7%, ориз* 6%, лешници* 3%, овес* 2,2%, ладно цедено сончогледово масло*, морска сол.

*органски состојки

Може да содржи и други јаткасти плодови.


Пакување: Капачето од пакувањето е направено од шеќерна трска, која е 100% обновлив ресурс. Картонот од пакувањето е направен од 88% растителен материјал.


Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 300 kJ/72 kcal

Масти: 3,2 g

од кои заситени: 0,3 g

Јаглехидрати: 10 g

од кои шеќери: 5,2 g

Растителни влакна: 0,7 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: 0,06 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре