BJORG / ОРГАНСКИ РАСТИТЕЛЕН ПИЈАЛАК ОД КОКОС БЕЗ ШЕЌЕР - 1 Л.

160 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3229820797922


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Растителен пијалак
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bjorg
  • Дополнителни информации - Без додаден шеќер

Почестете се со овој освежителен пијалок, кој ќе ве изненади со својот природен и лесен вкус на кокос, без шеќер. Можете да го пиете свеж, ладен или топол со вашиот чај и кафе, а може да ви послужи и како идеален додаток во вашето смути. Со многу можности за уживање, за здраво 100% задоволство!


- Не содржи шеќер

- Со низок процент на масленост

- 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло


Рецепт за подготовка на безглутенски крем сладолед со банана и црвено овошје (без лактоза):

Потребни состојки за сладоледот:

1 банана

50 g јагоди

25 g малини

40 ml органски растителен пијалак од кокос, без шеќер од Bjorg

Време за подготовка: 15 минути.


Потребни состојки за декорација:

кокосови струготини

чиа семе

свежи јагоди


Начин на подготовка: Исечете ги бананите на парчиња и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Измијте го црвеното овошје. Во садот за блендер ставете ги замрзнатите парчиња банана, јагоди, малини и растителниот пијалак од кокос од Bjorg. Блендирајте 30 секунди. Украсете со малку црвено овошје, кокосови струготини и посипете со чиа семе. Уживајте!


Карактеристики: Растителниот пијалок од кокос без шеќер е направен во Италија. Кокосот кој се употребува при производството на растителниот пијалок е внимателно собран во Јужна Азија*.

*приоритетен извор на снабдување


Состав: Вода, кокос 4,8%, скроб од ориз*, природна арома од кокос*, морска сол, стабилизатор: гуар гума*, ксантанска гума.

*органски состојки


Пакување: Картонското пакување е направено од 88% растителен материјал и придонесува за намалување на емисијата на C02 на нашата палета.


Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 84 kJ/20 kcal

Масти: 1,5 g

од кои заситени: 1,2 g

Јаглехидрати: 1,7 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Растителни влакна: < 0,5 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: 0,1 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре