BJORG / ОРГАНСКИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ - 500 ГР.

235 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3229820019307


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bjorg
  • Наменето за - Десерт , Ужинка , Појадок

Органските овесни снегулки од Bjorg се богати со растителни влакна и магнезиум. По ваша желба можете да ги консумирате како топла или ладна овесна каша.


- Не содржат додаден шеќер

- Направени од интегрален овес


Рецепт за подготовка на вегетаријански палачинки од овесна каша/растителен пијалак (без лактоза):

Потребни состојки:

1 супена лажица пире од бадем

1 зрела банана

1 супена лажица сируп од агаве (или мед)

225 ml растителен пијалок од соја без шеќер на Bjorg

150 g интегрално брашно (пченица, ориз, овес или хељда)

50 g овесни снегулки на Bjorg

2 супени лажици прашок за пециво

Време за подготовка: 30-45 минути.


Начин на подготовка: Испасирајте ја бананата со пирето од бадем и сирупот од агаве (или медот). Постепено разредете ја смесата со млеко. Додадете ги брашното, овесната каша и прашокот за пециво. Оставете ја смесата да отстои 30 минути на собна температура. Загрејте нелеплива тавче на тивок оган, малку подмачкајте ако е потребно. Кога тавчето е загреано, со мала лажичка земете од тестото и формирајте мали палачинки со дијаметар од околу 10 cm и ставете ги во тавчето. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња на површината на палачинките, внимателно превртете ги и продолжете со пржење се додека на дното од палачинките не добиете златно кафеава боја. Уживајте ги со јаворов сируп, свежо овошје или намаз.


Состав: Овесни снегулки од органско земјоделство.

Може да содржи траги од млеко, јаткасти плодови, сусам и соја.


Пакување: Пакувањето е направено од 50% шеќерна трска (обновлив материјал).


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1524 kJ/362 kcal

Масти: 7,1 g

од кои заситени: 1,3 g

Јаглехидрати: 58 g

од кои шеќери: 1,7 g

Растителни влакна: 11 g

Протеини: 11 g

Сол: 0,02 g

Магнезиум: 126 mg (34 % од NRV**)

**NRV = Нутритивни референтни вредности

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре