BJORG / ОРГАНСКИ МУСЛИ СО МЕШАВИНА ОД ОВОШЈЕ - 375 ГР.

340 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3229820782560

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Мусли
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bjorg
  • Наменето за - Десерт , Ужинка , Појадок

Откријте ги вкусните органски мусли со мешавина од овошје од Bjorg кои му даваат на вашето тело растителни влакна потребни за одличен почеток на денот. Вкусната мешавина од мусли и овошје е без додадени шеќери** и содржи грозје, црни рибизли, боровинки и брусница, давајќи овошен допир на вашиот утрински појадок.


- Не содржат додадени шеќери**

- Рецептот содржи 20% овошје

- Интегрални зрна од: овес, спелта и пченица

**содржи природно присутни шеќери


Рецепт за подготовка на енергетски мусли барови:

Потребни состојки:

60 g меки урми (тип Меџул)

50 g мусли Bjorg

10 g сушена брусница и гоџи бобинки

25 g мешавина од семки (сончоглед, тиква, сусам)

1 супена лажицa сируп од агаве или мед

1 супена лажицa намаз од бадем

Прстофат сол, неколку капки екстракт од ванила (по избор)

Време за подготовка: 15-30 минути


Начин на подготовка: Ако урмите не се доволно меки, потопете ги во вода на 30 минути. Изблендирајте ги урмите во процесор за храна додека не добиете паста. Префрлете ја пастата во сад и измешајте ја со останатите состојки. Покријте ја тавата долга околу 20 см со хартија за печење или фолија. Истурете ја смесата и со рацете силно притиснете за да се збие и да достигне дебелина од околу 1 cm. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути. Кога смесата ќе се стврдне, подигнете ја со хартијата за печење и исечете ја на правоаголници или квадрати. Овие барови може да се чуваат неколку дена во фрижидер, поединечно завиткани во пластична фолија.


Состав: Интегрални овесни снегулки 60%, суво грозје* 18% (суво грозје*, сончогледово масло*), интегрални снегулки од спелта* (пченица) 12%, снегулки од интегрална препечена пченица* 5%, цели бадеми* 3%, замрзнати брусници* 0,7%, замрзнати црни рибизли* 0,7%, замрзнати боровинки* 0,7%.

*органски состојки

Може да содржи траги од млеко, јаткасти плодови, сусам и соја.


Пакување: Во ограничена големина за да се минимизира влијанието врз животната средина. Пакувањето е направено со 40% шеќерна трска (обновлив елемент).


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1506 kJ/357 kcal

Масти: 6 g

од кои заситени: 1 g

Јаглехидрати: 60 g

од кои шеќери: 14 g

Растителни влакна: 9,6 g

Протеини: 11 g

Сол: 0,03 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре