Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Без разлика дали кога патуваме, на пауза, или кога одмараме дома – повеќето од нас сакаме да грицкаме вкусна ужинка. Најзабавно е кога станува збор за нешто крцкаво, како бадемите на CLASEN BIO.
Вкусните семки се извор на протеин, што особено ги прави интересни за вегетаријански и вегански начин на исхрана. Тие исто така содржат висока концентрација на витамин Е што помага да се заштитат клетките од оксидативен стрес. Исто така содржат и калциум – овој минерал му е потребен на телот за да ги одржува коските и забите здрави. И за крај, има висока концентрација на влакна – одлични 13г на 100г.
Нашите органски бадеми се природно вегански и безглутенски.
Забелешка: За да ги постигнете гореспоменатите позидивни дејства, консумирајте 2 порции (50гр) од CLASEN BIO бадемите секој ден.
Препорака: разновидна, балансирана изхрана е основата на здрав животен стил.
Начин на употреба:
Освен како ужинка, бадемите се и одлична состојка за збогатување на оброци како мусли, десерти и салати – освен во поглед на вкус и во поглед на нутритивна вредност.
Сомелени, бадемите може да се користат дури како состојка во торти и бисквити.
Исто така, нашите бадеми може да се користат за да направите одлично бадемово млеко или бадемов путер како одлична алтернатива на конвенционалните производи.
Состав: Бадеми*.
*од контролирано органско одгледување
Складирање: Да се чува на суво и не премногу топло место.
Нутритивна содржина 100 грама
Енергија (kJ) 2565 kJ
Енергија (kcal) 620 kcal
Масти 52,2 гр
Од кои заситени 3,9 гр
Јаглехидрати 4,0 гр
Од кои шеќери* 3,5 гр
Диететски влакна 9,1 гр
Протеини 29,1 гр
Сол 1,1 гр
Витамин Е 20,9 мгр 174%**
Калциум 225мгр 28%**
*содржина на природен шеќер
**Референтна количина за просечна возраст (8400kЈ/2000kcal)
Пакување: 200гр
Едно пакување содржи околу 4 порции
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар