CLASEN BIO / ОРГАНСКИ СТАПЧИЊА ОД ЃУМБИР - 100 ГР.

200 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4250038940236

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Суво овошје
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan , Gluten Free
  • Брендови - Clasen Bio
  • Наменето за - Ужинка
  • Дополнителни информации - Содржи шеќер од природно потекло , Без глутен , Луто

Доколку го сакате специфичниот пикантен вкус на ѓумбирот, ќе ги обожувате стапчињата од ѓумбир на CLASEN BIO!

Пикантноста зависи од тоа колку лут е свежиот корен на ѓумбирот и со колку шеќер е кандиран: иако кинескиот органски ѓумбир од CLASEN BIO е берен многу млад, тој е значително полут од ѓумбирот од Тајланд и Фиџи островите. Дополнително, органскиот шеќер од шеќерна репка кој што го користиме зафаќа само 45% од нашиот завршен производ, додека другите производи со ѓумбир содржат и до 65% шеќерна репка. Ова резултира со превкусна, пикантна ужинка која може да се користи како состојка за џемови, колачи и десерти. Слатко-лутата нота на ѓумбирот може да се користи и самостојно во некои рецепти.

Во поглед на содржина, кандираниот ѓумбир има ниска масленост, но содржи релативно голема количина на шеќер и поради тоа препорачуваме умерена консумација.

Секако, CLASEN BIO стапчињата од ѓумбир се природно вегански и безглутенски.

Препорака: разновидна, балансирана диета е основата на здрав животен стил.


Начин на употреба:

Употребата на ѓумбирот има долга традиција во многу култури. Денес не се користи само како прав во кујната, туку и како чај, капсули од ѓумбир и во многу други варијанти. Една од нив е кандиран ѓумбир.

Нашите лути и пријатно благи стапчиња од ѓумбир најчесто се јадат самостојно.

Кога ќе ги исечкате на мали парчиња, тие може да се додадат во десерти, торти и бисквити.

Добро помешани, ѓумбировите стапчиња може да им дадат на вашите смутиња, сокови, па дури и коктели освежителен вкус.

Пикантни рецепти, како кари и супи, може да бидат зачинети со нашиот ѓумбир.


Состав: Ѓумбир*.

*од контролирано органско одгледување


Складирање: Да се чува на суво и не премногу топло место.


Нутритивна содржина 100 грама

Енергија (kJ) 1492 kJ

Енергија (kcal) 351 kcal

Масти 0,1 гр

Од кои заситени <0,1 гр

Јаглехидрати 86,8 гр

Од кои шеќери 86,4 гр

Диететски влакна 1,2 гр

Протеини 0,2 гр

Сол 0,10 гр

Пакување: 100гр

Едно пакување содржи 4 порции.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре