CLASEN BIO / ОРГАНСКО БЕЗГЛУТЕНСКО ЗЛАТНО ЛЕНЕНО СЕМЕ - 500 ГР.

320 МКД

Цена со 5% ДДВ.

  5.0 (1)

Баркод: 4250038940656

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Ленено семе
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan , Gluten Free
  • Брендови - Clasen Bio
  • Дополнителни информации - Без глутен

Лененото семе е популарна состојка во многу рецепти како кифлички, додатоци за салата, додаток за мусли и разни други пецива. CLASEN BIO златното ленено семе се одликува со богат јаткаст вкус кој е за нијанса поблаг во однос на кафеавото ленено семе.

Златното ленено семе е богато со многу манган, фосфор и влакна, а исто така е извор на протеини.Манганот и фосфорот придонесуваат за нормален енергетски метаболизам и одржување на здрави коски. Манганот, исто така, придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

CLASEN BIO златното ленено семе е природно веганско и без глутен.

Забелешка: За да ги постигнете споменатите позитивни ефекти, консумирајте 1 порција (20 g) златно ленено семе од CLASEN BIO дневно.

Препорака: Разновидна, урамнотежена исхрана е основа на здрав начин на живот.


Начин на употреба:

Додадете го златното ленено семе во вашиот појадок за да го збогатите вкусот, изгледот како и хранливата вредност на вашиот оброк.

Поради способноста на златното семе да набабри во контакт со вода, можете да го употребите како веганска замена за јајце за вашите пекарски специјалитети- помешајте 1 супена лажица од златното ленено семе со 3 супени лажици вода и оставете ја смесата да кисне околу 5 минути. Оваа смеса може да ја користите за торти, колачи и палачинки, а заменува дури 3 јајца!

Разиграјте ја Вашата салата и додадете малку потпечено златно ленено семе или додадете го во разни чорби и зеленчукови тави.

Добар апетит!


Состав: Златно ленено семе*

*од контролирано органско одгледување


Складирање: Да се чува на суво и не премногу топло место.


Нутритивна содржина 100 грама

Енергија (kJ) 2197kJ

Енергија (kcal) 533kcal

Масти 43,1гр

Од кои заситени 4,4гр

Мононезаситени масти 6,8гр

Полинезаситени масти 31,7гр

Јаглехидрати 1,7гр

Од кои шеќери* 1,7гр

Диететски влакна 26,6гр

Протеини 21,2гр

Сол 0,14гр

Манган 2,5мг (123%**)

Фосфор 578мг (83%**)

*содржина на природен шеќер

**Референтна количина за просечна возраст (8400kЈ/2000kcal)

Пакување: 500гр

Ова пакување содржи 25 порции.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Ivana Leskaroski
14/09/2022
Preubavi

Поврзани производи

Најгоре