BAMBO NATURE / ОРГАНСКИ ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ЗА БЕБИЊА - x80

140 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 5703538390456


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Влажни марамици
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Смирување (Soothing/Calming) , Чистење
  • Брендови - Bambo Nature

Bambo Nature влажните марамчиња за бебиња се незаменливи на секоја маса за пресоблекување, во секоја кеса, чанта, торба за патување, корпа за пикник - каде и да одите со вашето бебе. Нашите влажни марамчиња за чистење се безбедни за кожата и се направени од мек, одржлив неплетен материјал. Можете да ги користите за да го чистите целото тело. Тие се дерматолошки тестирани и не содржат парфеми или бои, а претставуваат одлична замена на вода и сапун. Влажните марамици се вегански производ и не содржат состојки од животинско потекло, туку само состојки добиени од растенија. Ги исполнуваат стандардите на Nordic Swan Ecolabel и Danish Asthma Allergy Nordic Association и се одржлив и безбеден избор за вашето бебе и животната средина.


- нежни и меки

- безбедни за кожата (без парфеми и бои)

- НОВО пакување со помалку пластика во фолијата и затворот

- идеални за на пат


Направени се од мешавина на полиестер и вискоза. Наменети се за чистење без употреба на вода и сапун. Погодни се за сите регии и типови на бебешка и детска кожа - дури и за сензитивно бебешко лице или иритирани бебешки задник.  Складирани се во погодно пакување кое овозможува извлекување со само една рака. Погодни се за домашна употреба и употреба на пат.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Можете да чистите речиси се, во било кое време, било каде. Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очи.


Кога станува збор за вашето бебе, само најдоброто е доволно добро.


БИДЕЈЌИ СЕ ГРИЖИТЕ


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре