HYGIENE / PIMP MY MOUSSE ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ – 200 МЛ.

Ново

360 МКД


Баркод: 3770002306611

ЧИСТЕЊЕ • ХРАНЕЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
АЛОЕ ВЕРА • ГРЕЈПФРУТ • СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Дали би сакале да имате сопствено прибежиште на некој егзотичен остров? Уникатно искуство? Интензивна свежина, обвиени во текстури, со чувство како да трчате меѓу стадо еднорози?

Извинете, но ова не може да ви го исполни нашиот гел за туширање.

Неговата предност? Едонставен, но ефикасен состав!


PIMP MY MOUSSE е сертифициран органски гел за туширање на база на енергизирачки грејпфрут, кој прочистува преку меката и нежна измивачка база, хидрира со помош на глицеринот и органската алое вера и тонира преку грејпфрутот. Неговиот цитрусен мирис ќе остави лесна и природна мирисна трага на вашата кожа.


АКО НАВИСТИНА НЕ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ОВОЈ И ЕДЕН НАЈОБИЧЕН ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ, ТОГАШ ТУШИРАЊЕТО СО НЕГО ЌЕ ВИ ЈА ОТКРИЕ ИСТАТА:

  • Овој органски гел за туширање е формулиран без сулфати, парабени, ПЕГ, синтетички мириси, сапун, фенокситанол, микропластика, ендокрини нарушувачи, минерални масла...или накратко, без никакви штетни состојки, а само со состојки кои се грижат за планетата и за вашата кожа. Сертифициран е од страна на Ecocert, Cosmebio, Vegan и Cruelty Free.
  • Сите мириси во неговиот состав се природни. Потекнуваат од вистински овошки, етички набрани, откупени како вишок (непродадени сезонски овошки) од мали локални земјоделци од Јужна Франција.
  • Неговата 99% природна формула е биоразградлива, а амбалажата е рециклирачка.

И сето ова е, според нас, повеќе од доволно за да имате прекрасен секојдневен ритуал под вашиот туш!


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Користете го како класичен гел за туширање, нанесете малку од производот на вашата дланка и потоа нанесете го на телото. Нормално е да пени помалку од класичните гелови за туширање, бидејќи не содржи сурфактанти, оние агресивни сулфати, кои обично се додаваат во ваков тип на производи, со цел да ви дадат лажен пенлив ефект на прочистување.

Нема потреба да нанесувате повеќе, дури и без меурчиња и пена, ќе излезете од тушот со чисто тело и чиста совест!


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), GLYCERIN, CAPRYLYL / CAPRYL GLUCOSIDE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, LEVULINIC ACID, PARFUM (FRAGRANCE), SODIUM CHLORIDE, SODIUM LEVULINATE, SODIUM PHYTATE, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER, CITRUS PARADISI FRUIT EXTRACT, MICA, ALCOHOL, SODIUM HYDROXIDE, IRON OXIDES, LIMONENE.

10% состојки од органско потекло.

99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC.

Поврзани производи

Најгоре