BAUCKHOF / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ЛЕБ - 500 ГР.

315 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637827445

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Главен оброк , Појадок
  • Дополнителни информации - Без глутен

Со оваа безглутенската мешавина за печење леб со крцкава кора од овес и без семки на Bauckhof можете да подготвите леб од кисело тесто и смесата е погодна за користење и во апарат за правење на леб како и на класичен начин, во тава за леб. Од содржината на пакувањето се добива околу 825 g леб.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- Незасладена смеса

- Не содржи глутен

-  Со лесен вкус и за цврста кора

- Добиено од интегрални зрна од овес

- За лесно печење дури и без калап

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ


Потребни состојки:

500 g органска безглутенска смеса за леб

1 ќесичка сув квасец

500 ml млака вода

Начин на подготовка:

1. Ставете ја содржина од пакувањето со ќесичка квасец и млака вода во мешалка за тесто, мешајте и за кратко време од смесата ќе добиете мазно тесто.

2. Тестото додадете го на плех покриен со хартија за печење или ставете го во намрсена тава за леб.

3. Лебот измазнете го со навлажнета стругалка за тесто и обликувајте го во посакуваната форма.

4. Оставете го покриеното тесто за леб да нарасне на топло место околу 30 минути.

5. Загрејте ја рерната на 250 °C.

6. На дното од рерната ставете огноотпорен сад. Наполнете го садот со приближно 100 ml зовриена вода непосредно пред да го ставите лебот во рерна.

7. Оставете ја пареата да излезе со кратко отворање на вратичката по 10 минути печење. Намалете ја температурата на печење на 220 °C и печете уште 50 минути.


Подготовка во апарат за правење на леб:

Во апаратот за правење на леб најпрвин додадете 500 ml ладна вода, а потоа  додадете ја смесата за печење и 1 ќесичка сув квасец. Ако е можно, печете со брза програма на ниво: темно. За време на процесот на месење, со помош на стругалка за тесто одделете го тестото еднаш или двапати од рабовите за да се измеша оптимално и да добиете идеална смеса.

Наш совет: Лебот посипете го со 3-4 лажици семиња пред печење.


Идеи за вкусни рецепти (лесни за подготовка):

Безглутенски леб со крцкава кора

Начин на подготовка: Накратко обработете ја содржината од пакувањето, квасецот и млаката вода со помош на стругалка за тесто за да добиете мазно тесто. Со навлажнети раце или стругалка за тесто, ставете го тестото во плех обложен со хартија за печење или во подмачкан плех (25 x 10 см). Со навлажнети раце или стругалка за тесто, измазнете го лебот и обликувајте го во тркалезна форма. Наш совет: посипете го тестото со 1-2 лажици оризово брашно. Оставете го лебот да нарасне покриен на топло место 30 минути. Загрејте ја рерната на 250 °C (горна/долна топлина). Лебот се пече 10 минути на 250 °C во рерна на средна решетка а потоа намалете ја температурата на печење на 220 °C и печете уште 50 минути. 

Варијации:  Откако ќе го замесите тестото, додадете:

Екстра италијански вкус: 50 g сушени домати

Екстра грчки вкус: 50 g маслинки без семки.

Екстра вкусно: 4 лажици пржен кромид


Состав: Интегрално овесно брашно* (без глутен) (34%), пченкарен скроб*, интегрално брашно од хељда*, интегрално брашно од просо*, скроб од компир*, квасец од хељда во прав* (брашно од хељда*, брашно од киноа*, стартер култури), морска сол, згуснувач: ксантанска гума, мелени лушпи од псилиум*.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам.


Алергени: Овесно брашно.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1469 kJ/347 kcal

Масти: 2,7 g

од кои заситени: 0,5 g

Јаглехидрати: 71 g

од кои шеќери: 0,8 g

Растителни влакна: 5,4 g

Протеини: 6,6 g

Сол: 1,9 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре