BAUCKHOF / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА WUNDERBROD ЛЕБ - 600 ГР.

320 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637826417

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Безглутенската смеса за "Wunderbrod" леб е направена од овесни снегулки и семиња. Освен како извор на протеини, без додаден шеќер или брашно, смесата исто така е богата и со растителни влакна и Омега-3 масни киселини, Wunderbrød е одличен за сите луѓе кои внимаваат на исхраната. Значи идеален за сите на кои им треба многу енергија во секојдневниот живот - од мајки до натпреварувачи и спортисти. За сите вегани, дијабетичари и луѓе со нетолеранција на глутен, од оваа мешавина за печење леб на Bauckhof се добива вкусен и избалансиран леб кој прекрасно ја надополнува вашата специјална диета. Внимателно избалансираната смеса не содржи квасец или прашок за пециво, што резултира со прекрасно компактен леб кој не е ултра лесен, но е супер вкусен и прави да се чувствувате сити долго време. Подготовката е многу едноставна, смесата се меша со вода, се остава да отстои и потоа тестото може веднаш да се испече. За да се активираат семките, доколку е потребно, тестото оставете го да отстои во фрижидер преку ноќ. За печење не е потребен апарат за леб, доволна е едноставна тава. Формирајте во облик на леб и ставете во рерна на плех да се пече. Од пакувањето се добива приближно 970 g леб.

Наш совет: Пред сечење оставете го лебот да се излади темелно и чувајте на место кое пропушта воздух. Подготвениот леб можете и да го замрзнете во делови.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- Незасладена смеса

- Не содржи глутен

- Не содржи брашно

- Не содржи квасец

- Не содржи додаден шеќер

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ


Начин на подготовка: Содржината од пакувањето ставете ја во сад и прелијте ја со 500 ml ладна вода. Темелно измешајте го тестото и оставете го да отстои во фрижидер на 3 часа или преку ноќ. Цврстото тесто истурете го во добро подмачкана тава за леб (25 x 10 см). Со навлажнета шпатула премачкајте ја во плехот, добро притиснете ја надолу и измазнете ја. Ставете го лебот во ладна рерна и печете го без претходно загревање на 200 °C околу 80 минути. Извадете од калапот за леб и оставете темелно да се излади на решетка пред да го исечете. За брза подготовка: Како погоре, се меша со 550 ml врела вода и се остава да отстои 20 минути. Се пече во загреана рерна на 200 °C околу 70 минути. 


Рецепт за подготовка на крцкав леб: Содржината од пакувањето - 600 g прелијте ja со 500 ml ладна вода, добро промешајте и оставете да отстои на 20 минути. Формирајте тесто, развлечете го тенко и поделете го на три дела. Ставете го на плех, во хартија за печење. Со голем нож засечете го тестото, така што ќе се создадат однапред одредени точки на кршење на крцкавите парчиња леб со саканата големина. Посипете со малку сусам или морска сол по вкус и печете во загреана рерна на 180°C околу 35 минути. Оставете да се излади темелно. Совет: Крцкавиот леб може да се чува во херметички затворен сад околу 3-4 недели и затоа е многу погоден за патување.


Состав: Овесни снегулки* (без глутен), семки од тиква*, семки од сончоглед*, мелено ленено семе*, сусам*, ленено семе*, семе од чиа (3%) *, интегрални снегулки од просо*, мелени лушпи од псилиум*, морска сол.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови.



Алергени: Овесни снегулки, сусам.



Складирање: Да се чува на ладно и суво место.



Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1949 kJ/468 kcal

Масти: 28 g

од кои заситени: 3,9 g

Јаглехидрати: 29 g

од кои шеќери: 0,8 g

Растителни влакна: 13 g

Протеини:20 g

Сол: 1,5 g

Железо: 5,9 mg (42%*)

Магнезиум: 247 mg (66%*)

Манган: 3,2 mg (160%*)

Фосфор: 460 mg (66%*)

Лимоленска киселина (Омега 3 масни киселини):  4,1 g

*NRV - референтни количини за дневен внес на витамини и минерали

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре