BAUCKHOF / ОРГАНСКА СМЕСА ОД СПЕЛТА ЗА ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ - 300 ГР.

295 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637824918

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт

Со оваа органска смеса од спелта за подготовка на чоколадни мафини ќе добиете вкусна и слатка закуска, лесни се за подготовка, се печат брзо и се со убав изглед благодарение на шарената облога во која се спакувани. Можат да се подготват на класичен начин со млеко, путер и јајце или во веганска верзија со маргарин и вода.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- За супер-вкусна, супер-лесна и супер-брза подготовка

- Содржи висококвалитетно брашно од спелта со Demeter квалитет


Подготовка:

Мешавина за печење на 12 стандардни мафини (или 10 вегански мафини).

Подготовка: 5 минути.

Време на печење: приближно 25 минути.

1. Подготовка со млеко и јајца:

Потребни состојки: 2 јајца, 75 g путер и 75 ml млеко.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. Во сад за мешање ставете ја содржината на пакувањето. Додадете 2 јајца, 75 g мек путер и 75 ml млеко. Мешајте со рачен миксер 2 минути додека смесата не стане кремаста. Ставете 10 облоги за чашки во тава за мафини или на хартија за печење, наполнете ги до половина со тесто и печете околу 25 минути.

Наш совет: Наместо путер можете да користите маргарин. Наместо кравјо млеко, можете да користите и соино млеко.


2. Подготовка за веганска верзија:

Потребни состојки: 100 g маргарин и 100 ml вода.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. Во сад за мешање, ставете ја содржината од пакувањето. Додадете 100 g растопен маргарин заедно со 100 ml ладна вода. Измешајте со рачен миксер се додека не добиете мазно тесто. Во тава за мафини или на тавче ставете 10 облоги за чашки, наполнете ги до половина со тесто и печете околу 25 минути.

Наш совет: Со путер наместо маргарин мафинот нема да биде вегански! Наместо вода, можете да додадете и соино млеко.


Состав: Брашно од спелта тип 630** (43%), сиров шеќер од трска**, листови од темно чоколадо* (15%) (сиров шеќер од трска*, какао маса*, путер од какао*, емулгатор: сончогледов лецитин), пченкарен скроб*, прашок од какао* (5%), прашок за пециво (средства за нараснување: натриум бикарбонат, цитричен монокалиум тартарат; пченкарен скроб*), тостирано брашно од спелта** (1%), ванила во прав*, морска сол.

 од сертифицирано органско земјоделство

**од биодинамично земјоделство

Може да содржи траги од житарици кои содржат глутен, јаткасти плодови/ореви, млечни протеини, соја и сусам.


Алергени: Брашно од спелта.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1600 kJ/378 kcal

Масти: 4,8 g

од кои заситени: 2,7 g

Јаглехидрати: 74 g

од кои шеќери: 37 g

Растителни влакна: 4,1 g

Протеини: 7,4 g

Сол: 0,92 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре