BAUCKHOF / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА БРАУНИС - 400 ГР.

335 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 4015637822990

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Од оваа безглутенска смеса за подготовка на браунис се добиваат шест големи или дванаесет мали браунис. Браунисите може да се подготват на класичен начин со путер, јајца и млеко или во веганска верзија со маргарин, брашно од соја и вода. Подготовката трае само пет минути, а времето за печење е 25 минути.


- Погоднa за вегани

- Погоднa за вегетаријанци

- Не содржи глутен

- Добиена од интегрално оризово брашно и пченка наместо пченица

- Со мали чоколадни снегулки и шеќер од репка 

- Може да се подготви и вкусна веганска верзија со маргарин и растително млеко/пијалок

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ


Подготовка:

За 1 пружинска тава (26 cm) или 1 сад за печење (20 x 20 cm).

1. Подготовка со млеко и јајца:

Потребни состојки: 200 g мек путер, 2 јајца, 100 ml млеко.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175°C. Во сад за мешање ставете ја содржината на пакувањето. Промешајте со 200 g мек путер и 2 јајца. Потоа полека мешајте со додавање на 100 ml млеко. Распоредете ја смесата во садот за печење и печете  околу 25 минути. Оставете убаво да се излади и исечете на парчиња.


2. Подготовка за веганска верзија:

Потребни состојки: 150 g мек маргарин, 2 лажички брашно од рогач (или 2 лажици брашно од соја), 100 ml вода или соино млеко.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. Во тавче растворете 150 g маргарин и додадете 100 ml ладна вода или соино млеко. Ставете ја смесата за браунис во сад за мешање и измешајте со 2 лажици брашно од рогач или 2 лажици брашно од соја. Додадете ја смесата маргарин-вода и мешајте додека не се добие мазно тесто. Распоредете ја смесата во садот за печење, израмнете ја и печете во рерна околу 25 минути. Оставете убаво да се излади и исечете на парчиња.


Состав: Сиров шеќер од трска*, пченкарен скроб*, темно чоколадо* (15%) (сиров шеќер од трска*, какао маса*, путер од какао*, емулгатор: сончогледов лецитин*), брашно од ориз*, какао во прав* (8%), згуснувач: брашно од јадро од рогач*, морска сол, ванила*.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови, млечни протеини, соја и сусам.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1669 kJ/395 kcal

Масти: 5,3 g

од кои заситени: 3,1 g

Јаглехидрати: 81 g

од кои шеќери: 54 g

Растителни влакна: 4,2 g

Протеини: 4 g

Сол: 0,17 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре