BAUCKHOF / ОРГАНСКА СМЕСА ОД СПЕЛТА ЗА КОЛАЧ СО ЛИМОН - 485 ГР.

315 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637824901

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт

Органска смеса од спелта за подготовка на вкусен органски колач со лимон за вас и вашите најмили. Пакувањето ја содржи основната смеса, пакување шеќер во прав за глазурата и шише масло од лимон. Потребни се само пет минути за да се подготви, а времето за печење е околу еден час.


- Содржи брашно од спелта од биодинамично одгледување

- Содржи вистинско масло од лимон наместо вештачки вкусови

- За брза и лесна подготовка

- Погоднa за вегани

- Погоднa за вегетариајнци

- Може да послужи за подготовка на мафини

- Стандарди за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ


Подготовка:

Смесата за колачи вклучува: 385 g основна смеса за колачот, 100 g шеќер во прав за глазура и 1 шише лимонско масло.

Подготовка со млеко и јајца:

Потребни состојки: 3 јајца, 110 g путер и 100 ml млеко.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C (не печете на топол циркулирачки воздух). Содржината од поголемото бело пакување (основната смеса за колачот) истурете ја во сад за мешање. Додадете 3 јајца, 110 g путер, 100 ml млеко и околу 2/3 од маслото од лимон. Се обработуваат со рачен миксер се додека не се добие мазно тесто. Ставете го тестото во подмачкан калап од 26 cm, тавче за леб од 25 cm или во калап од 24 cm.  Печете околу 60 минути. Во калапот од 24 cm се доволни 35 минути за печење. Во необложени садови за печење, времето на печење може да биде подолго. Оставете го колачот да се излади околу 15 минути, а потоа извадете го од калап. Измешајте ја содржината на помалото пакување (шеќер за глазура) со 2 лажици топла вода (како алтернатива може да послужи свеж сок од лимон) и преостанатото масло од лимон и премачкајте со четка врз колачот.

Наш совет: Наместо путер можете да користите и маргарин. Наместо кравјо млеко, можете да користите и соино млеко.


Подготовка за веганска верзија:

Потребни состојки: 150 g маргарин и 150 ml вода.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C (не печете на топол циркулирачки воздух). Содржината од поголемото бело пакување (основната смеса за колачот) истурете ја во сад за мешање. Додадете 150 g стопен маргарин и 150 ml млака вода и околу 2/3 од маслото од лимон. Се обработуваат со рачен миксер додека не се добие мазно тесто. Ставете го тестото во подмачкан калап од 26 cm, тавче за леб од 25 cm или во калап од 24 cm. Печете околу 60 минути. Во калапот од 24 cm се доволни 35 минути печење. Во необложени садови за печење, времето на печење може да биде подолго. Оставете го колачот да се излади околу 15 минути, а потоа извадете го од калап. Измешајте ја содржината на помалото пакување (шеќер за глазура) со 2 лажици топла вода (како алтернатива може да послужи свеж сок од лимон) и преостанатото масло од лимон и премачкајте со четка врз колачот.

Наш совет: Со путер наместо маргарин колачот нема да биде вегански! Наместо вода, можете да користите и соино млеко.


Состав за основната смеса за колачот: Брашно од спелта тип 630** (60%), сиров шеќер од трска**, пченкарен скроб*, прашок за пециво (средство за подигнување: натриум хидроген карбонат, закиселувач: монокалиум тартарат, пченкарен скроб*) , брашно од јачменов слад**, морска сол.

Состав за маслото од лимон: Масло од лимон* (1 ml).

Состав за глазурата: Сиров шеќер од трска во прав*.

*од сертифицирано органско земјоделство

**од биодинамично земјоделство

Може да содржи траги од житарици кои содржат глутен, јаткасти плодови, сусам и соја.


Алергени: Брашно од спелта, брашно од јачмен со слад.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1512 kJ/356 kcal

Масти: 0,8 g

од кои заситени: 0,1 g

Јаглехидрати: 78 g

од кои шеќери: 30 g

Растителни влакна: 2,4 g

Протеини: 7,5 g

Сол: 0,85 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре