BAUCKHOF / ОРГАНСКА СМЕСА ОД СПЕЛТА ЗА КОЛАЧИ СО ТРОШКИ - 425 ГР.

240 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637821146

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт

Со оваа мешавина за печење од спелта можете да подготвите вкусен колач со најдобар Demeter квалитет за помалку од еден час. Се што ви треба е путер или маргарин. Колачот по желба може да го збогатите со џем или овошје како јаболка, цреши или кајсии. Во секој случај ќе ги воодушевите вашите гости со овој вкусен сочен колач.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- За брза и лесна подготовка

- Мешавина е погодна и за подготовка на бисквити или колачиња

- Стандарди за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ


Подготовка:

Време на подготовка: 5-10 минути.

Време на печење: приближно 50 минути.

Потребни состојки:

150 g путер (оставен на собна температура) или 150 g маргарин (oставен на собна температура) и 1 тегла  џем/желе (на пр. малина, капина, рибизла).

Загрејте ја рерната на 175 °C. Ставете ја смесата од спелта во сад за мешање. Путерот (маргаринот) се сече на ситни коцки и се додава во смесата. Состојките кратко измешајте ги и со рацете издробете ги коцките. Распоредете 2/3 од трошките рамномерно на подмачкана тава или врз хартијата за печење. Врз колачот рамномерно намачкајте џем или желе. Преостанатата третина од трошките намачкајте ги на површината од колачот. Печете 175 °C  во претходно загреаната рерна околу 50 минути додека колачот не добие златна-кафеава боја.


Состав: Лесно брашно од спелта тип 630** (74%), сиров шеќер од трска*, печено брашно од спелта**, морска сол.

*од сертифицирано органско земјоделство

**од биодинамично земјоделство

Може да содржи траги од глутен од други житарици кои содржат глутен, други јаткасти плодови и сусам.


Алергени: Брашно од спелта.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1515 kJ/357 kcal

Масти: 1 g

од кои заситени: 0,1 g

Јаглехидрати: 76 g

од кои шеќери: 25 g

Растителни влакна: 2,8 g

Протеини: 9,3 g

Сол: 0,19 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре