BETTR / ОРГАНСКИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ПУДИНГ ОД ВАНИЛА - 150 ГР.

180 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3800233780673

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пудинг
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bett'r
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Пудингот од ванила е омилен на сите генерации!

Сега можете да го подготвите со минимален напор со новата мешавина за органски безглутенски пудинг од ванила од Bett’r. Ви требаат само неколку минути за да го добиете совршениот кремаст десерт кој ќе ги освои срцата на сите членови на семејството.

Рецептот не содржи глутен и вештачки вкусови, туку само неколку состојки. Неодоливиот вкус и арома на ванилата се резултат на додадената органска бурбон ванила, што го прави производот да биде погоден за мали деца.

Мешавината за пудинг од ванила е незасладена, што ви овозможува да изберете засладувач. Нашите предлози вклучуваат сируп од агаве, кокосов шеќер, еритритол, мусвокадо шеќер, урми во прав или други.


- Погоден за вегани

- Не содржи глутен

- 100% органски

- Незасладен производ


За да подготвите една порција, потребно е:

- 10 g смеса за пудинг (1 лажица)

- течност по ваш избор (млеко, растителен пијалак или вода)

- 100 ml за цврста текстура или 150 ml за лесна кремаста текстура

- засладувач по ваш избор (сируп од агаве, кокос шеќер, еритритол, мусковадо шеќер, урми во прав и многу други)


Начин на подготовка:

- Во сад истурете околу 20 ml од течноста и додадете ја смесата за пудинг. Добро промешајте додека смесата за пудинг не се раствори во течноста.

- Остатокот од течноста истурете ја во сад за готвење и додадете ја саканата количина на засладувач. Ставете го садот за готвење на претходно загреана рингла и мешајте додека течноста не зоврие и засладувачот не се раствори.

- Намалете ја топлината. Растворената смеса во тенок млаз додадете ја во загреаната течност и брзо промешувајте додека не се згусне.

- Готовиот пудинг истурете го во сад за десерт и консумирајте го топол или ладен. Можете да го користите и за да направите домашна торта.


Состав: Пченкарен скроб*, бурбон ванила во прав* (1%), сол.

*од органско земјоделство


Сервирања во пакувањето: 15 порции.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1443 kJ/340 kcal

Масти: 0,5 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 83 g

од кои шеќери: 1,7 g

Растителни влакна: 8 g

Протеини: 6 g

Сол: 0,5 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре